И Кери Бредшо може да ѝ позавиди: Оваа девојка купува чевли секој месец и има преку 100 модели

26 јануари 2021

Тара е правничка која живее и работи во Њујорк и е страствен колекционер на чевли. Вели дека нејзината колекција содржи 110 пара чевли, за сега, и дека омилени ѝ се оние од Маноло Бланик, кои ги прослави Кери Бредшо во „Сексот и градот“.

А не крие дека големо влијание во тоа толку да засака чевли имала токму споменатата серија за која веќе се подготвува продолжение.

-Зависничка сум, признавам. Едноставно обожавам чевли, сакам да ги носам, да ги гледам, се' што има врска со нив“ - вели Тара, а пренесува „Дејли Мејл“.

Таа открива дека првите „Маноло Бланик“ чевли ги купува за време на едно службено патување во 2008 година.

-Не можев да поверувам дека ги имам, бев пресреќна. И оттогаш започнува моето колекционерство - открива адвокатката.

Освен „Маноло Бланик“, во нејзината колекција има и 40 „Лубутан" модели.

За да им овозможи соодветен простор, таа ослободила една соба од својот дом и ја наменила за складирање на своите обувки.

Најскапиот чифт чевли што го има се модел на „Лубутан“ чизми и нивната цена изнесувала 1.600 долари, додека вредноста на целата нејзина колекција се проценува на повеќе од 60.000 долари. 

-Ги носев речиси сите 110 модели, можеби има два-три што сè уште не сум ги пробала и кои чекаат да бидат прошетани. Чевлите се моја вистинска љубов. За облека мора да размислуваш, ако се здебелиш или ослабиш, што да земеш, а со обувките ги нема тие проблеми. Ги облекуваш и веднаш си дотеран - вели Тара.

Нa онлајн форуми, запознала и други луѓе што ја делат нејзината страст.

„Си ги споделуваме колекциите и новите чевли што ги купуваме. Со дел од нив се запознавме на настани поврзани со купување, „Barney's“ организираа еден таков, дури и јас бев домаќин на неколку такви. Навистина е забавно. Лубутан чевлите ми се омилени, купувањето во неговите бутици е посебно искуство, а после тоа се Бланик моделите. Исто така, имам одличен однос со соработници за продажба на чевли, кои ми јавуваат кога има нешто ново, за да не го пропуштам. Со некои од нив работам околу 15 години и веќе ми го знаат и вкусот и бројот. Имам соработници насекаде низ светот, во Англија, Ирска, Европа и различни места во САД. Најчесто купувам чевли секој месец“, вели правничката.

 

 

Објавено:
26 јануари 2021
Категорија: 
Стории
Прочитано:
15.780 пати