Исповед: Што значи да си уличен фотограф за време на модна недела?

30 август 2014

Jason Wu

Во пресрет на модната недела во Њујорк, магазинот Elle сподели интересна приказна од моден фотограф, чие име не е откриено, а што ја забележува модната динамика на улиците низ оваа модна метропола. Неговите искуства и доживувања пренесени во писмо, ви ги пренесуваме во продолжение:

Првиот пат кога отидов за Њујорк беше во 2007 година, а една година подоцна и во Париз. Во тоа време, немаше многу фотографи. Имаше неколку јапонски фотографии и неколку Американци. Единствените луѓе кои присуствуваа на модните ревии, беа професионалци и со покани. Во тоа време имавме можност само да ги поздравиме личностите што ги фотографираме и бргу да позборуваме за тоа што го носат. Со текот на времето, уличниот стил стана популарен и се' повеќе луѓе се појавуваа - или да фотографираат или да бидат фотографирани.

Секоја сезона, бројот на луѓето надвор се' повеќе расте и навистина знае да биде хаос. A за набљудувачите и да не зборуваме! Во таквите моменти, само фотографираш и се надеваш дека нешто ќе излезе од тоа. Срамота е, навистина е, но така се одвиваат работите.

street style photographers, natasha goldenberg

Модната недела во Њујорк ми е омилена, затоа што можам да бидам дома, наместо во хотел. Спијам колку што можам најмногу, а сепак морам да успеам да бидам присутен за првата ревија. Од првото шоу до самрак, јас трчам наоколу. Се нема време ниту да се јаде, евентуално ако се купи оброк од Мекдоналдс. Без разлика дали врне или вее, клиентите си ги бараат фотографиите. Доаѓам дома кога сонцето заоѓа, јадам набрзина и седнувам да средам околу 3.000 фотографии. За 30 дена. Најчесто ги завршувам околу 4 или 5 часот наутро и имам околу четири часа да спијам. Навистина е исцрпувачки.

Но, февруари во Њујорк е најлош. Има неколку сезони, кога постојано бев во патики, па бев приморан да купувам чорапи помеѓу ревиите, затоа што нозете ми беа мокри и многу студени.

street-style-photographers-paris

Исто така, мора да се има стратегија за тоа на кои ревии ќе одите. Ревијата А ќе има добри модели. Шоу Б може да биде далеку, можеби и сосема на другата страна од градот, но ќе мора да одите, затоа што кул децата ќе бидат таму. Потоа, постојат дизајнери што никој не ги знае, но се добро изрекламирани од нивните ПР-агенции, што значи дека многу луѓе ќе дојдат на нивната ревија. Исто така, може да нема многу фотографи, бидејќи не се многу познати, но тоа е добро за мене. Нема да има  многу турканици. Никогаш не влегувам во расправија со друг, затоа што, се работи за 30 дена.  Ќе се гледам со тие луѓе цел месец, секој ден.

Физички, тешко се справувам со темпото. Веќе кај третата модна недела во Лондон, моите очи се црвени. Луѓето мислат дека сум плачел со часови. А можеби и сум! Но, најчесто не. Кога ќе заврши модната недела во Париз, не сакам да видам компјутерскиот екран, ниту облека. Кога ќе дојдам дома, сакам да се одморам три-четири дена, и да немам никаква допирна точка со светот.

the-global-girl-theglobalgirl-ndoema-street-style-celebrity-style-new-york-fashion-week-01

Она што најмногу ме разочарува кога е уличниот стил во прашање е, кога читам и слушам како луѓето од модната индустрија ги навредуваат или исмејуваат другите уредници или стилисти што вложиле труд. Кога овие луѓе ќе се облечат, не се работи само за фотографијата или да бидат фотографирани. Тие работат во модниот свет - ја сакаат облеката. Не разбирам зошто некој би сакал да направи друга личност да се чувствува лошо поради тоа што се обидела да го изрази тоа што го сака преку облеката.

Најчесто, луѓето што се жалат се оние што не се фотографирани, сфаќате што сакам да кажам? Јасно е дека одредени луѓе имаат стратегија околу тоа што ќе облечат. Сепак, сметам дека пред се', тоа е одраз на нивниот личен вкус и стил, па не гледам што има лошо во тоа. Нека се справат со тоа“.

Објавено:
30 август 2014
Категорија: 
Стории