Како Армани стана крал на црвениот килим

27 септември 2014

The-Most-Memorabl-Giorgio-Armani-Red-Carpet-Looks-The-Oscars-Fashion-Design-Weeks1

„Зошто би сакала некој да ме облекува? Можам самата да се облечам и кој е Џорџо Армани?“, тоа е првата реакција на Мишел Фајфер, кога во 1983-тата година италијанскиот дизајнер и пристапи на тогаш 23-годишната актерка со предлог да носи облека со негов дизајн на фенси настаните во Холивуд.

Но, 31 година подоцна, сите знаат кој е и сакаат да облечат парче со негов дизајн. Фајфер носеше негова облека, беше модел и заштитно лице во неговите кампањи, а сега е веќе долгогодишен пријател на 80-годишниот моден мајстор, заедно со Џоди Фостер. Олег Касини ја имаше Џеки Кенеди, Живанши ја имаше Одри Хепберн, но Армани ги има сите - од Софија Лорен до Џулија Робертс, од Бијонсе до Лејди Гага.

ARMANIMICHELLEJODI_3034786a

За дизајнерот 1980-тите се годините на промена.

- Новите влијателни кругови не се гледаа повеќе само во гламур и светкави диви. Селебрити луѓето сакаа да носат облека што ќе ги нагласи нив самите, како на пример костумите, а токму таков тип на револуција јас поддржував во модниот свет - вели дизајнерот.

Во овој контекст својот став го изјави и Ана Винтур:

-Армани им покажа на филмските ѕвезди нов модерен начин за тоа како може да изгледаат.

Љубовта кон Холивуд кај Армани се развива уште во детството, која тој и неговите братучеди го пронајдоа своето „место за бегство“ во кино сала.

-Тоа беше една од неколкуте вистински забави. Киното беше прозорец кон можниот свет - открива Џорџо. Тој можен свет, станал реален за него, па се појавува како дизајнер на костими во преку 200 филмови, почнувајќи во 1980-тата со костимот на Ричард Гир во филмот „Американски жиголо“.

Дајан Китон Дајан Китон

Но, тоа е споредно. Главната акција беше заземањето на местото од другата страна на камерата. Дајан Китон беше првата актерка на црвениот килим што се појави во креација на Арамни. Во 1978 година за доделувањето на Оскарите, кога и ја доби стауетката за најдобра главна женска улога за Annie Hall, таа носеше беж палто во комбинација со долго здолниште.

-Сметав дека е време да ги претставам жените, дури и ѕвездите на еден нов начин. Жена во машки костум на црвен килим за мене е истовремено мошне елегантна и сензуална комбинација - објаснува дизајнерот.

Формулата се покажа како успешна и се' уште трае. Во 1989 година на Оскарите, Мишел Фајфер носеше морнарско свилено одело на Армани, следната година Џулија Робертс и Кифер Сатерленд на „Златен глобус“ носеа машки одела со потпис на дизајнерот. Синди Крафорд и Ричард Гир отидоа чекор понапред, па и двајцата на свадбата носеа Армани. Во 1992, Џоди Фостер повторно доби Оскар (The Sileince of the Lambs) се појави во вечерен Армани костум со широки светкави панталони. Тоа е еден од најклучните моменти кога овој моден израз на Армани беше признаен од сите и не се заборави. За потсетување, минатата година, три од петте номинирани актерки за Оскар носеа дизајн на Армани, како и победничката оваа година, Кејт Бланшет.

CATESKETCH2_3034926a

-Она што секогаш ми дава сатисфакција е чувството на природност кај оние што ги носат моите креации. Тие не им тежат, туку ги надополнуваат и разубавуваат. Така беше и со Џоди Фостер и сите ѕвезди што ги облекував и ги облекувам. Но, исто така и за сите жени што ја скаат мојата мода.

Објавено:
27 септември 2014
Категорија: 
Стории