Како облеката за фитнес стана модерна?

30 ноември 2013

Облеката за фитнес особено онаа за жени, на која порано местото во женските плакари и беше позади, сега полека но сигурно застанува во преден план, и тоа не само во гардероберите туку и на модната сцена.

Тренерките за јога ги заменија фармерките, неонските спортски градници, ги заменија класичните модели на градници, особено поради нивната удобност, а атлетските чорапи станаа чевли со високи потпетици.

„Јас сум многу повеќе возбудена кога купувам спортска облека, отколку фармерки и фустани. Сакам да изгледам убаво на тренинг, но и надвор од салата“, вели Аманда Клаинхенц, која има 27 години и посетува сала за вежбање четири до пет пати неделно.

Според американските експерти манијата за спортска облека ја наметнаа секојдневните кампањи кои промовираат поактивен животен стил. Тие велат дека луѓето се фасцинирани од оваа нова тенденција, која не само што може да се види на улиците, туку веќе и на модните писти. „Манијата“ оди до таму што констатирано е зголемување на продажбата на опремата за тренинг за разлика од продажбата на секојдневните парчиња облека, што е можеби и најголема револуција во рамките на модната индустрија. Истражувањата покажуваат дека жените повеќе сакаат да имаат убав пар тренерки во својот плакар отколку убава елегантна тоалета. Изненадувачки е фактот што не се работи за спортска облека која е изработена од евтин памук и спендекс, туку за спортски парчиња кои се дизајнирани од страна на врвни модни имиња како Келвин Клајн, Стела Мекартни,  Александар Ванг , Викторија Сикрет и Мејсис . Цените се движат од 50 долари за хеланки до 225 долари за дуксери.

Главната финансиска директорка на Мејси, Карен Хогет која во моментов е ангажирана со проширување на овој бренд. Наместо досегашните 160 продавници, се спремаат да се отворат 400 нови.

„Да бидеш спортски активен денес прерасна во статус симбол, за спортистите тоа е навистина во ред, меѓутоа за другите е само престиж. Како и да е, време е да се промени митот дека американците се најдебелата нација “, вели Хогет.

Ова е дефинитивно најновата еволуција во фитнес модата. Тесните панталони и маички беа белег на атлетски градените луѓе со децении наназад. Меѓутоа ова се промени со пронаоѓањето на спендексот во 1959 година, а потоа со аеробик треската во 1980-тите, кога тесните хеланки и чорапи станаа неверојатно популарни и модерни.

Гигантите за производство на спортска опрема како Најк, Рибок и Адидас, станаа мошне популарни особено поради квалитетот и одличните перформанси на нивните материјали, модели и дизајни.

Ани Џорџија Гринберг која работи како моден уредник во стилскиот блог Refinery29, вели дека трендот на носење спортска облека го забележала на модната недела во Њујорк во септември оваа година, преку изборот да се комбинираат неонски Најк патики во дизајнерските конструкции.

„Ова што во моментов се случува според мене е навистина кул. Поубаво е да се чувствуваш комотно и атлетски отколку да бидеш гламурозна и корсетирана“, вели Гринберг.

Норин Наро, виш креативен директор за фитнес облека за брендот Under Armour, сака жените наместо со чизми или чевли на работа да одат со патики. Според неа фитнес модата исто така испраќа порака за здрав начин на живот и тоа е за почит.

Одговорните на Најк, се многу задоволни од годишните приходи како резултат на фитнес модниот тренд кој се наметна насекаде во светот не само во Америка. Инаку годишната заработувачка на оваа компанија за 2013 е вртоглави 4 билиони долари. Најнов спортски хит кој оваа компанија го лансираше периодов е лимитираната едиција на тесни хеланки за трчање со геометриски дизајн и неонски бои.

obleka-za-fitnes

„Жените не сакаат да прават компромиси кога се работи за нивниот стил“, изјави Хајди О’Нил, заменик претседател и генерален менаџер во Најк.

Кон аргументите кои ги пласираше Најк се надоврза и Крис Фројо потпретседателот на фитнес обуката која ја организира компанијата за спортска облека Рибок кој рече:

„Сведоци сме дека фитнес облеката стана моден тренд.“

Дали модата претрпува криза во поглед на креативност и нови идеи, или на жените им здодеа постојано да изгледаат како порцелански кукли, останува да видиме.

Објавено:
30 ноември 2013
Категорија: 
Стории