Како панталоните станаа омилено модно парче на жените?

30 декември 2020

Меѓу првите жени кои го поддржале носењето панталони се рударките од Франција и Англија, кои и покрај тешките животни услови и ниските плати предизвикале скандал со работната облека.

Во исто време модата во Париз постапно ги прифаќаше жените во панталони, но нивната присутност на улица не е инспирирана од работната облека, ниту регионалната носија. Во средината на 19. век постојат обиди за воведување на панталоните во женската облека во Англија и Америка. Обидите се одговор на Dress Reform движењето, додека во Париз се резултат на дејноста на радикалните феминистички здруженија како Vesuviennes.

Dress reform движењето се јавува во средината на 19.век во Англија и Америка како реакција на тогашната мода. Ситуацијата во Париз била нешто поспецифична. Под нормални околности било невозможно жена да се појави на улица во панталони, затоа што би завршила во затвор. Постоеле дури и дозволи за носење панталони, кои им биле издавани на жените во посебни ситуации, како на пример препорака од доктор заверена од начелник на полиција.

Но, и не само таму. Во Бостон токму тоа ѝ се случило на младата Ема Снодграс. Оваа 17-годишна девојка, на 29.12 во 1852 година била уапсена и затворена, токму затоа што носела панталони. Ја нарекувале „скитник во машка облека“, „луда девојка која лута наоколу во машка униформа“, па дури и „ексцентрична жена која лута низ градот“...

Но, околу 1850 година во Америка, Амелија Џенкс Блумер, активистка за женските права и првата жена која поседувала, управувала и уредувала весник за жени, ги популаризира „блумер“ панталоните - налик на шалвари кои се носеле во Источна и Средна Азија.

Години подоцна, во 1911 францускиот дизајнер Пол Поаре ги воведува панталоните во висока мода, претставувајќи скици насловени како „Четири начини како да ја облечете жената во панталони". Моделот кој се состоел од туника и богато набрани панталони од истиот материјал, наречен харемско здолниште. Но, името не ја намали контроверзноста која ова „здолниште", кога би го забележале на некоја жена на улица или на коњските трки.

Со своите креации на шалвари Пол Пoаре панталоните преку мода им ги приближи на жените и во втората декада на 20.век.

 

Во текот на овој период забрзано се развива филмската продукција и многубројни париски креатори се ангажирани на филмски проекти. Славната Коко Шанел често носеше панталони, но тоа немаше толку влијание врз широката јавност и мода колку што имаше една фотографија и сцена на актерката Марлен Дитрих во одело. Оттогаш, па натаму, сведоци сме на постојаниот развој на женските панталони, кои својот голем пробив на модната сцена го имаа со претставување на женското YSL одела.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nora B (@norabnora)

Причините за овој бунт се и желбата и тежнеењето кон еманципацијата, еднаквоста со мажите, но и тенденцијата за повеќе комфор, па денеска нема жена која нема и по неколку модели панталони во својот гардеробер.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Patricia Zuffa (@patriciazuffa)

 

Објавено:
30 декември 2020
Категорија: 
Стории
Прочитано:
567 пати
Тагови: 
панталони жени