Кетрин Диор - сестрата на славниот дизајнер која е инспирација за парфемот Miss Dior

23 ноември 2021

После биографијата за Коко Шанел, „Coco Chanel: the Legend and the Life“, британската авторка Џастин Пикарди го насочува своето внимание кон Кетрин Диор и објавува книга со која сака да го направи споменот за сестрата на познатиот дизајнер Кристијан Диор вечен.

Делото носи наслов: „Miss Dior: A Story of Courage and Couture“, а го следи животот на Кетрин. Таа е првата муза на својот брат и негова поддршка кога почнува да се занимава со мода. 

Родена е 1917 година и била најмалата од петте деца на семејството Диор, кое живеело во вила и имало удобен живот. Сепак, лошите професионални одлуки на нивниот татко ќе доведат до тоа во 1935 година семејството да се пресели на фарма во Прованса. 

Сфаќајќи дека тоа не е живот за нив, Кристијан и Кетрин бргу заминуваат за Париз, каде тој ќе создава скици обидувајќи се да стане дизајнер, додека пак таа продавала накит и била негова „жива кукла“. Се' што ќе создадел тој, таа го пробувала и тој на неа правел корекции. Со почнувањето на Втората светска војна, се вратиле на фарма и продавале зеленчук, но Кристијан се вратил повторно на модата, а Кетрин се вљубила во Ерв де Шарборни кој ја внел во Францускиот отпор. 

Кетрин таму дејствувала под лажно име - Каро. Три години од почетокот на војната, ќе ја уапси Гестапо и ќе ја пратат во француски затвор, а потоа во неколку концентрациони кампови. Во неверојатно храбар потег во 1945 година ќе успее да избега од маршот на смртта и да се спаси. После враќањето во Франција, повторно се наоѓа со братот, кој бил мошне погоден од она што го преживеала неговата сестра и тогаш уште повеќе, се' што создавал ѝ го посветувал неа.

Така во 1947 година ја осмислува новата легендарна силуета „Новиот изглед“, а на истата работел во соба во која се чувствувал мирисот на парфемот „Miss Dior“, пишува „Вог“. Во една пригода ќе изјави дека парфемот за него бил мирис на љубовта. Официјално ќе го претстави истата година, но на неговото усовршување ќе работи и во наредните три години.

Розите кои ја сочинуваат средната нота на парфемот, за него ги одгледувала токму Кетрин, а парфемот го носи називот „Miss Dior“ токму во нејзина чест. Одгледувањето цвеќиња била работа во која Кетрин се пронашла и се посветила максимално по враќањето во Франција и која ја работела до својата 92 година, кога починува.

Авторката на книгата за Кетрин Диор, Џастин, вели дека во текот на истражувањата за книгата, ги посетила нејзините градини и дом кој го наследила од својот татко, а каде се' уште се одгледуваат рози за парфемот „Miss Dior“. Локацијата детално ја опишува во книгата, како и домот на Кристијан Диор, поточно двата дома, иако во едниот им помагал на нејзините колеги од „Отпорот“ да се сокријат.

Пикарди ја посетила и вилата каде живееле своевремено и родителите на Кетрин и Кристијан, а која е претворена во „Музеј Кристијан Диор“, чија претседателка била токму Кетрин се' до својата смрт во 2008 година. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marita Gonzalez (@maritaregzz)

 

 

Објавено:
23 ноември 2021
Категорија: 
Стории
Прочитано:
330 пати