ПРИКАЗНИ ОД ГРАДОТ

@by_klincharova: Инстаграм приказна помеѓу патувањата и минимализмот

1 јуни 2020

Доколку сте вљубеник во патувањата или во минимализмот како естетско изразување, тогаш веруваме оваа Инстаграм приказна ќе ви се допадне.

Нашто внимание го привлече токму поради нештата кои ги споменавме, а зад кои се потпишува младата Лилјана Клинчарова.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Лилјана Клинчарова (@by_klincharova) onAug 18, 2016 at 8:33am PDT

Таа инстаграм просторот го користи за презентација на работите кои го сочинуваат нејзиниот живот, а низ кои е направен спој на убаво и корисно, на кретивност која се пренесува и на други. Со нив раскажува не само приказни од градот Скопје, каде е и родена, туку и од многу други.

-Животната авантура ми започнува на 15-ти септември далечната 89-та година. До денес, 30 години сум дел од една скопска приказна која ужива во убавините на малите нешта во животот, гледајќи го светот како место за создавање спомени за паметење. Како писател и главен лик во оваа приказна тежнеам да го гледам секој изминат ден низ призмата на совршено доловениот момент. Магичниот круг од 365 дена максимално гo исполнувам со креативни соништа, восхит од природата, незаборавни патувања, дружби со пријателите и најблиските, цртање и постојано пешачење пропратено со долги разговори - го започнува разговорот оваа 30-годишна скопјанка.

А за тоа како ја започнала нејзината Инстаграм приказна, ќе каже дека во фокусот била нејзината амбиција да направи што подобра фотографија.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Лилјана Клинчарова (@by_klincharova) onNov 19, 2016 at 7:58am PST

- Инстаграм во овој момент претпоставувам е како една голема чаша незаменливо утринско кафе на секој оној кој е дел од оваа социјална мрежа. Но, не би рекла дека и неговите почетоци беа налик денешните навики и потреби. Започнувањето на мојата Инста приказна (@by_klincharova) би ја поврзала со желбата и интересот за добра, креативна и на мој начин поинаква фотографија. Предизвик ми беа фотографиите од животни ''уловени'' во вистинскиот момент, како и моменти од природата и секојдневието. Со секоја измината година интересот за цел на фотографирање го менував согласно менувањето на моето блиско опкружување и интереси. Истражувајќи го овој свет го открив и подобро го запознав и светот на апликациите кои придонесоа за креирање уште подобри фотографски дела. Денес љубов ми се таканаречените flat lay фотографии или како што народски би ги нарекле - наместени фотки :).

Благодарение на работата што ја работи има можност да ги задоволи и страста кон патувањата, но и да ја проткае креативноста во секоја приказна одново.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Лилјана Клинчарова (@by_klincharova) onOct 23, 2019 at 8:45am PDT

- Моментално сум дел од туристичкиот свет. Голем дел од пријателите низ насмевка и шала понекогаш ми велат: „Ја работиш најубавата работа во светот, а тоа е да го шеташ токму истиот постојано“. Природата на моето работно место како и дозата на креативност која неуморно се турдам постојано да ја подобрам би рекла дека се во голем дел поврзани една со друга. Креирањето на едно патување, а потоа и желбата да се овозможи уште една нова пат-околку-светот авантура за пошироката публика, е само мал дел од целосната слика каде (инстаграм) креативноста ја наоѓа својата примена - вели Лилјана.

На прашањето, каде би се вратила и низ кои улици нејзините чекори би сакале повторно да остават трага ќе рече:

-Уфффф од каде да започнам хахаха :). Една од дестинациите која ми создаде потреба за повторна средба е дефинтивно златниот град Прага. Градот на стотици кули и мостови, градот кој ми остави копнеж за чаша добро вино испиена таму некаде во височините на Прашкиот замок. Градска историја која пулсира со ритамот на модерниот свет, раскрсница на култури која буди потреба да останете таму засекогаш. Приказните за моите чекори низ светот би ги продолжила од златниот град Прага па се до Афричкиот континент, каде царува мистичниот Египет. Земјата со второто најсолено море на светот, земјата со мирис на чај од анасон и портокал, млеко од камила, адреналин и бесконечни пустински зајдисонца.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Лилјана Клинчарова (@by_klincharova) onMar 22, 2019 at 2:00pm PDT

 Минимализмот како естетика не е присутен само на нејзиниот профил, туку и во животот, односно различните сфери на живеењето.

- Големо ДА. Мислам дека живееме во време кога голем дел од луѓето ги исполнуваат своите животи со непотребни предмети, голема количина на постојан стрес и замор како и премногу секојдневни настани во месечниот календар. Карактерно сум личност која живее во еден свој минималистичко перфекционистички свет исполнет со голема организираност на нештата, без разлика дали се работи за семејниот дом или било кое друго поле на интерес. Овие карактерни особини се претпоставувам главните виновници за еден подобар начин на живот, но и рефлаксија на начинот на кој ги создавам моите фотографии - ни објасни Клинчарова.

Сепак, колку и да ви изгледа поинаку, вели за објавите вложува минимум време.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Лилјана Клинчарова (@by_klincharova) onOct 20, 2019 at 1:08am PDT

-За изгледот на фотографиите подолг временски период ја користам само апликацијата Lightroom, но за некои од истите воопшто и не користам било какви ефекти или нешто слично. Приказната која ја создавам во мојот ум уште пред моментот на фотографирањето е претпоставувам клучот за брзото и малку посветено време на секоја инста објава - откри Лилјана.

Покрај сето ова, вљубеник е во уметноста, поточно цртањето, а од пред извесно време ѝ се врати и на нејзината голема љубов - декорирање предмети, пред сè шолји. Животните околности придонеде да паузира, но сега сака својата љубов и креативност, а со тоа и енергија да ја пренесе во што повеќе катчиња и домови.

-Радост ми е тоа, тоа е мал проект, кој би сакала да премине во мал бизнис, кој го започнав пред сè поради љубовта кон цртањето и на големо работам за враќање на истото, па се надевам и нешто подобро - вели за крај скопјанката, која во секој сегмент од нејзиниот живот да вметне искрена емоција и креативност.

А тоа преточено во Инстаграм приказна можете да го видите во продолжение (макар мал дел):

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Лилјана Клинчарова (@by_klincharova) onNov 24, 2019 at 2:07am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Лилјана Клинчарова (@by_klincharova) onDec 1, 2019 at 8:01am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Лилјана Клинчарова (@by_klincharova) onFeb 19, 2020 at 2:42am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Лилјана Клинчарова (@by_klincharova) onMar 23, 2020 at 6:14am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Лилјана Клинчарова (@by_klincharova) onMay 16, 2020 at 1:21pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Лилјана Клинчарова (@by_klincharova) onApr 20, 2020 at 8:17am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Лилјана Клинчарова (@by_klincharova) onApr 25, 2020 at 8:48am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Лилјана Клинчарова (@by_klincharova) onApr 14, 2020 at 9:52am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Лилјана Клинчарова (@by_klincharova) onMar 22, 2020 at 9:31am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Лилјана Клинчарова (@by_klincharova) onJul 16, 2016 at 1:15am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Лилјана Клинчарова (@by_klincharova) onJul 29, 2016 at 9:15am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Лилјана Клинчарова (@by_klincharova) onAug 2, 2016 at 8:47am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Лилјана Клинчарова (@by_klincharova) onFeb 19, 2017 at 1:54pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Лилјана Клинчарова (@by_klincharova) onMar 4, 2017 at 8:48am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Лилјана Клинчарова (@by_klincharova) onMar 31, 2017 at 8:31am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Лилјана Клинчарова (@by_klincharova) onJun 4, 2017 at 9:15am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Лилјана Клинчарова (@by_klincharova) onDec 6, 2018 at 7:00am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Лилјана Клинчарова (@by_klincharova) onMar 24, 2019 at 1:20pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Лилјана Клинчарова (@by_klincharova) onMar 24, 2019 at 11:37pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Лилјана Клинчарова (@by_klincharova) onApr 27, 2019 at 10:31am PDT

 

Објавено:
1 јуни 2020
Категорија: 
Стории
Прочитано:
822 пати