Кога моден бренд ќе се создаде во затвор...

20 август 2014

Иако можеби звучи неверојатно, сепак е вистина. Pieta е името на брендот создаден во затворите во Лима. Се работи за независен и спонтан проект кој нуди алтернативен концепт на мода, далеку од диктатот на маркетингот.

Брендот под влијание на контра-култрата одбива да им подлегне на општествените норми посветени на големата потрошувачка. Pieta нема лого, облеката нема сандардни големини. Она што е важно е да се направат кул работи.

Добриот одѕив и идеја се прошири и на останатите затвори. Тоа пак придонесе да се направат цели колекции, но исклучиво во затворите, без било каква дополнителна помош. Моделите се затвореници.

Со креирањето на овој бренд им се дава шанса на оние затвореници, што најчесто се препуштени сами на себе, да заработат нешто, побрзо да се рехабилитираат или едноставно да го пополнат денот. Секое од парчињата е направено од рацете на затворениците - плетејќи, обликувајќи кожа во работилница и сл. Така, се користат само природни, еколошки и рециклирани материјали, кашмир, свила и памук.

Облеката се состои од едноставни минималистички кроеви, а секое од прачињата го носи името на оној што ги изработил, како и тешката животна приказна која му послужила како инспирација.

Проектот го носи името Pieta по склуптурата, ремек дело на уметникот Микеланџело. Pieta е последниот чекор пред воскреснувањето и новото, повторно раѓање.

Брендот доби и своја веб страна, мошне едноставна и крајно креативна.

http://projectpieta.com/project.html

Во продолжение ви ги претставуваме дел од парчињата создадени под името на овој проект, како и видеата со процесот на изработка:

Објавено:
20 август 2014
Категорија: 
Стории