Кој бренд ќе профитира најмногу од СП во фудбал во Бразил?

10 јуни 2014

football_jerseys_story_nike

Светското првенство во фудбал во Бразил нема да биде само натпревар помеѓу репрезентациите, туку и помеѓу големите брендови. Иако официјалниот старт на натпреварот се уште не е означен, потрошувачката „борба“ веќе започна.

Играчите, нивните дресови и копачки ќе бидат во очите на милијарда луѓе ширум планетата речиси цел месец, почнувајќи од  задутре, 12.јуни, токму затоа брендовите како Најк, Адидас, Пума, сакаат да бидат сигурни дека нивното лого ќе биде доволно воочливо и присутно.

-Тоа е Светско првенство. Победи или оди дома -  вели менаџерот за продажба на Адидас, Петер Хонг, алудирајќи повеќе на натпреварот надвор од теренот во Бразил.

Така, резултатот ќе биде сеопфатна кампања која ќе вклучува и рекламирање, социјални медиуми, познати личности и продукти што ќе биде повеќе од само обична продажба на дресови и копачки.

Најк се обложува на неговите ѕвезди - Бразилците, Адидас ја има традицијата - тој е официјалниот спонзор на Светското првенство до 2030 година, додека Пума сака копачките да бидат запаметени, со тоа што фудбалерите кои ќе го носат овој бренд ќе имаат лева и десна копачка во различни бои.

059234-9857d922-ef62-11e3-a38e-2c99985b0af1

Најк е во самиот врв на брендови за спортски обувки, облека и опрема, но Адидас секогаш цврсто се држел на севкупниот пазар поврзан со фудбалот.

Изминативе години претставништвото на Најк во Орегон отворено го предизвика неговиот германски ривал во овој сектор и лани  заработи околу 2 милијарди долари од фудбалот. Продажбата на Адидас пак од минатата година се проценува на 2,4 милијарди долари, но компанијата веќе има искуство со СП, па се надева дека годинава ќе оствари рекорд од 2,8 милијарди долари.

Инаку, првите обувки за фудбал се изработени токму од основачот на брендот Ади Даслер во 1925 година.

првите копачки првите копачки

Како спонзори на Светското првенство, Адидас ја дизајнираат топката на секое Првенство од 1970-тата. Годинешниот дизајн на топката со повеќе бои наречена Бразука, според брендот веќе ја надминала продажбата на Џабулани топката (Jabulani ball) од последното СП, за дури 30 проценти, а првенството се уште не е ни започнато.

FIFA-World-Cup-Wallpaper-Brazil-e1385829068572

-Овде ја покажуваме нашата доминација на пазарот - вели Ернесто Брус, директор на одделот за фудбал на Адидас Америка за австралискиот сајт News.

Најк пак, се приклучи на фудбалскиот пазар во 1994 година. Компанијата мошне добро успеава да биде пристуна на СП, без да биде официјален спонзор. Фокусот на последната кампања го ставаат врз ѕвездите, поточно врз најзабележителниот Кристијано Роналдо, без воопшто да ги спомнат зборовите „Светско првенство“.

Adidas Brazuca 2014 World Cup Ball 1

-Иако не сме спонзори на СП, се поврзуваме онаму каде што тоа е важно - партнери сме на клубовите, федерации, елитните и секојдневните играчи. Десет репрезентации ќе носат Најк опрема во Бразил, вклучувајќи ги и домаќините, како и стотина играчи што ќе носат Најк копачки. Сигурни сме дека ќе бидеме поуспешни од останатите брендови - истакнува глобалнниот заменик претседател и генерален менаџер на одделот за фудбал на Најк, Дермонт Клирли.

Роналдо е прогласен за фудбалер кој најмногу продавава, ако се земат предвид резултатите од истражувањето за спортски маркетинг на Repucom. На глобално ниво тој има неверојатни 83.87 проценти препознатливост. Лионел Меси, спонзориран од Адидас е на второто место. Се на се, Најк има шест од десетте спортисти што најмногу продаваат, Адидас има три, а Пума еден.

Роналдо за Најк Роналдо за Најк

Освен дресови, Најк ја дизајнираше севкупната фудбалска опрема на 10 од 32 национални тима што ќе земат учество на СП годинава, повеќе од било кога претходно и еден повеќе од Адидас. Пума дизајнираше осум.

Ендру Волш, директор на Repucom, со седиште во Лондон, вели дека Адидас има предност со тоа што отсекогаш бил поврзан со фудбалот - спортот кој премина во традиција. Така, Најк е поназад од Адидас со неговата моќ во однос на моќта на социјалните мрежи и маркетингот што вклучува познати личности.

-Се додека трае СП како спортски настан, Адидас ќе ја задржи својата цврста позиција, па дури и повеќе ќе ја зајакне. Но, тоа не значи дека, ако гледаме долгорочно, Најк нема да продолжи да се шири на фудбалскиот пазар - вели Волш.

Адидас годинава лансираше сет наречен „Battle Pack“ (сет за битка), кој вклучува четири видови копачки, украсени со црно-бел принт и портокалово-жолти линии. Меси ги носи оние со назив Ф50, со специјални сини детали посветени на Аргентина.

Адидас Battle Pack Адидас Battle Pack

Најк неодамна презентираше нови необични копачки Mercurial и Magista, употребувајќи jа технологијата fly-knit, за ултра лесни обувки, што изгледаат како чорапи со прикачени крампони. Роналдо ќе го носи моделот Marcurial Superfly.

Пума пак, „поседува“ само осум проценти од глобалниот фудбалски пазар, но тоа не ја запре Германската компанија да се труди да го заземе своето место на СП. И Пума има свои фудбалски ѕвезди, меѓу кои Шпанецот Сеск Фабрегас и Италијанецот Марио Балотели, кои ќе го носат моделот Puma Tricks - една розова копачка, една сина.

Вака изгледаат копачките што ќе ги носат Балотели и Фабрегас Вака изгледаат копачките што ќе ги носат Балотели и Фабрегас

Исто така, тие внесоа иновации и во дресовите. Раџив Мехта, одговорното лице за Пума Индија вели: „Концептот на новите дресови е едноставен и им овозможува на спортистите да играат со полна сила и тоа да не влијае врз нивниот перформанс. ACTIV-лентата е вметната во дресот стратешки и овозможува микро масажа на играчите на специфичните мускулни делови, што им помага да ја пренасочи енергијата во мускулите. Продуктот е тестиран на различни временски услови и сите осум тима за чија опрема се грижиме, беа тесно вклучени во дизајнирањето на истата, така што ние точно знаевме што сакаме - вели тој.

Вантрешноста на дресот на Пума Вантрешноста на дресот на Пума

Ако гледаме од страна, кој би се соочил со најголем губиток имајќи ја предвид позицијата, тоа е Адидас, но нивните напори за доминација нема да завршат по завршувањето на Светското првенство. Доказ за тоа е што компанијата се подготвува за Светското првенство во женски фудбал кое ќе се одржи следната година во Канада.

-Постојано сме под напад на многу конкуренти. Останавме вистински, доследни и автентични во нашата мисија, а тоа е да го направиме светот подобро место преку спортот. Но, токму поради сите напади, ние продолжуваме да внесуваме иновации, ја поседуваме самодовербата и ќе продолжиме да и оддаваме почит на играта на што е можно подобар начин - потенцира Брус.

На СП во Бразил годинава Најк се погрижи за изгледот на следните репрезентации: Бразил, Англија, Франција, Холандија, Португалија, Грција, САД, Австралија, Хрватска, Јужна Кореа. Дресови со логото на Адидас ќе носат репрезентативците на Аргентина, Нигерија, Босна и Херцеговина, Русија, Колумбија, Мексико, Шпанија, Јапонија, Германија. Под знакот на Пума ќе се појават членовите на репрезентацијата на Уругвај, Италија, Гана, Чиле, Швајцарија, Брегот на слоновата коска, Камерун, Алжир.

057262-5716d706-ef62-11e3-a38e-2c99985b0af1

За опремата на Еквадор е задолжен Маратон Спорт, за Костарика Лото, додека за Иран Ulhsport. Хондурас соработува со Juma, а Белгија со Бурда Спорт.

Но, дресовите не биле отсекогаш со боите по кои ги препознаваме репрезентациите денес. На пример, Мексико своевремено имаше бордо дресови, а Шпанците и Италијанците имаа дресови на закопчување. На овој линк овде, ќе имате можност да видите како изгледале дресовите од Мундијалот во Уругвај во 1930 година, па до денес.

Останува да ги видиме статистиките по завршетокот на овој важен спортски настан, а дотогаш уживајте во фудбалската треска, навивајте за вашите фаворити и кажете ни чиј дрес најмногу ви се допаѓа?

Објавено:
10 јуни 2014
Категорија: 
Стории