Кој ја изработува облеката што ја носиме?

25 април 2014

koj ja pravi vasata obleka

Овој период минатата година, фабриката Рана Плаза во Бангладеш се сруши, при што починаа 1.133 работници, а се повредија 2.500. Фабриката претставуваше дом на производителите на облека за компании како Валмарт и Примарк, а случувањата влијаеа и врз начинот на кој го живееме нашиот живот, честопати олеснет со многу евтина и многу брза облека, односно мода.

Сепак, пионерот во саемска продажба, Кери Самерс се надева дека работите ќе се сменат. Денеска се одбележува првиот Ден на модна револуција - Fashion revolution day, а со оваа глобална иницијатива Самерс сака да предизвика разговор за тоа од каде „доаѓа“ нашата облека. Тој организира календар на модни настани и ги охрабрува луѓето да ја носат нивната облека наопаку, со етикетата надвор.

Наместо само да биде начин на гледање, кој всушност може да си дозволи облека од колекции пролет-лето 2014, иницијативата има за цел да предизвика увид за последиците од несовесните, неетички извори на мода, кои се особено големи за жените во земјите во развој.

Рана Плаза Рана Плаза

„Катастрофата со Рана Плаза беше катализатор за промени. Ни овоможи да формираме платформа која ги обединува сите оние што сакаат да видат една издржана иднина на модата“, вели Самерс.

Иако изгледа бизарно да се „слави“ индустријата која беше одговорна за трагедијата минатата година, сепак разговорот околу производството е врзан за тоа како ние гледаме на модата и настаните како Ден на модна револуција, кои промовираат промени што треба да се случат.

Преку 80 проценти од извозот од Бангладеш на пазарот е од продажба. Преку половина од тоа е продадено за земјите од Европска унија. Покрај нивните мултинационални купувачи, виновни за нивното опстојување сме и самите ние: луѓето кои им ги купуваме скапите производи, што на компаниите им носат милиони.

На крајот, креативните индустрии се пониско профитабилни од било кога. Денес е лошо време да си новинар, уметник или нов моден дизајнер. Но, како и да е, колку и да сакаме да се вратиме во 1990-тите, тие времиња се поминати. Синџирот на улични брендови е сега попривлечен од било кога - тие се достапни и се „грижат“ за оние со просечни и подпросечни плати, а сепак го пренесуваат она што се дефинира како тренд на модните писти. И покрај ова, важно е да се запамети колку длабоко овие улични брендови се контрадикторни со етиката која ние ја прифаќаме и практикуваме во нашите секојдневни животи.

жени во фабрика во Бангладеш жени во фабрика во Бангладеш

Она што е важно да се истакне исто така е и фактот дека, 85 проценти од работниците во фабриката во Бангладеш се жени. Додека западниот феминизам се фокусира на нееднаквоста околу нас, често постои еден вид слепило во врска со нашата куповна моќ. Кога феминистките купуваат во продавниците, што директно профитираат од експлатација на други обесправени жени, ние самите ја изневеруваме својата „политика“ и тоа на гротескен начин, од намерно не знаење.

Жените од Бангладеш имаат неколку опции само за вработување, за разлика од мажите. Тие мораат да ја прифатат работата што никој друг не ја сака, па дури и кога нивниот живот е под ризик, кога се изложени на сексуално вознемирување и немаат ниту финансиска ниту здравствена поддршка при бременост.

Не купувањето на облека на која стои етикета Made in Banglades не е опција што  ќе им помогне на овие жени да се ослободат од стереотипите. Тоа ќе значи само дека ќе останат без работа и во сиромаштија.

„Модната револуција ќе ја предизвика индустријата да работи подобро, да ја слави модата и да шири возбуда поради моќта што ја има да направи големи промени. Се надевам дека со покажувањето на најдобра пракса, ќе можеме да менуваме и животи, на подобро“ - вели Самерс.

И ако тоа не ве убеди да размислите дека вие и брендовите од кои купувате сте виновни, барем можете да ја носите облеката наопаку и да изгледа како да носите Марџела.
Објавено:
25 април 2014
Категорија: 
Стории