Која модна куќа одговара на стилот на вашиот хороскопски знак?

22 јули 2020

Веруваме дека речиси сите можете да издвоите по некоја омилена модна куќа, чии парчиња би сакале да ги носите.

Ние денес одлучивме малку да се забавуваме, па во продолжение ќе прочитате која модна куќа е како создадена за вашиот хороскопски знак и проверете дали ќе ви се совпаднат мислењата:

 

ОВЕН - Версаче

Сексапилот, сензуалноста, а во комбинација со често рокенрол елементи, парчињата од овој бренд се како создадени за дамите родени во знакот на Овен. Со оглед на тоа дека во дизајните на „Версаче“ можете да пронајдете и доза на бунтовност, сила, но истовремено и женственост и смелост, припадничките на овој хороскопски знак ќе се пронајдат.

БИК - Барбери

Класичните Бикови сакаат квалитет и традиција, а токму тоа го нуди „Барбери“. Мантилите и префинетите марами се нешто во што секоја дама Бик би се чувствувала убаво и луксузно. Класиката е секогаш во мода, а „Барбери“ го пропагира токму тоа.

БЛИЗНАЦИ - Прада

Близнаците не сакаат досадни работи, но во исто време сакаат да поседуваат и класични парчиња кои би ги надградиле со својот стил. Модната куќа „Прада“ со својот начин на функционирање може да им го понуди токму тоа  - класика, но и впечатливи парчиња кои вклучуваат интересни принтови кои нема шанси да не направат една дама Близнак забележлива, а тие го сакаат токму тоа, зар не? Кој сака да биде просечен :)?

РАК - Живанши

Софистицираност во комбинација со романтичност и елегантност - опис на стилот на припаднички на хороскопскиот знак Рак. Дискретна впечатливост во комбинација со класични парчиња е проверен рецепт и за успехот на „Живанши“, но и за дамите во овој знак.

ЛАВ - Долче и Габана

Ако треба да биде впечатливо - тогаш нека биде „Долче“. Лавиците познати по тоа дека сакаат да се издвојуваат од толпата, љубителки на лукзуз и одважност, тие совршено ќе знаат како да ги носат овие парчиња. Истакнати облини, принт, златни детали... Да, може! Важно е да има приказна и страст!

ДЕВИЦА - Том Форд

Колку Лавицата сака да се истакне, толку Девицата сака да има ненаметлив стил. А токму таква естетика може да се препознае во она што го нуди модната куќа „Том Форд“. Сепак, не може ни да се рече дека овие креации се досадни, бидејќи во нив содржат сензуалност и скриен сексапил, интересна конструкција, кои во совршена комбинација можат да бидат далеку попривлечни или повпечатливи отколку било кој „гол“ светкав фустан.

ВАГА - Алберта Ферети

Жената Вага, под влијание на Венера, ја става женственоста во преден план. Вагата ќе се пронајде во бохо естетика, лелеавост, парчиња што нудат слобода, природност, а секако и кои се привлечни за око. Креациите на Алберта Ферети се создаваат помеѓу другото и по овие начела, па кога Вага би влегла во оваа продавница, би се задржала тука со часови.

СКОПРПИЈА - Сен Лоран

Скорпијата е сексапилна. Опасна. Силна. И сака и таква облека. Не е заинтересирана да биде закопчана до грло. Сака да покаже и кожа, но да не биде вулгарна. Затоа, новиот бран во модната куќа Сен Лона ќе ѝ одговара совршено. Неочекувани принтови, текстури, малку откриени раменици и парчиња што совршено одат со црвен кармин - да, ова е дефинитивно куќата во која тие би се пронашле.

СТРЕЛЕЦ - Диор

Стрелците ја сакаат слободата и патувањата, бидејќи тоа им помага да го ослободат и својот ум. Тие сакаат парчиња што ќе ја нагласат силуетата, но нема да ја „заробат“ и затоа „Диор“ е совршената модна куќа за нив. Парчињата од оваа модна куќа често се имагинација преточена во креација, па лелеав фустан со принт, кој нема да го гуши телото или ќе понуди доза магија е совршено за дама Стрелец.

 

ЈАРЕЦ - Шанел

Модната куќа „Шанел“ е синоним за софистицираност и елеганција, а тоа е предуслов при модниот избор на дамите од овој хороскопски знак. Проверени кроеви, без премногу шаренило, во таква облека се чувствуваат удобно. Класичен Шанел костим и мал црн фустан се парчињата со кои сигурно би излегле од овој бутик.

ВОДОЛИЈА - Гучи

На уметничката Водолија не нудете ѝ нешто обично. Тие одлично знаат како да ги ускладат боите и затоа креациите на „Гучи“ можат да бидат вистински предизвик. Иако на прв поглед овој бренд е премногу екстровертен за Водолиите кои се речиси сосема спротивни на тоа, сепак уметничката жичка што ја нудат креациите, ќе ги привлече да направат уште еден круг и да почнат да купуваат.

РИБИ - Фенди

Нема поинтуитивен знак од Рибите. Тие функционираат на принципот на почувствувана енергија. И не сакаат здодени работи. Но, тоа сепак не значи да им дадете да носат нешто шарено како на пример што се креациите на „Долче и Габана“. Тие сакаат спој на безвременска уметност. Класика која вкучува уметнички израз, а во рамките на овој опис може да се стави модната куќа „Фенди“. Впечатливи бои, ткаенини, принтови, но сепак дозирано и на паметен начин вклопено.

Објавено:
22 јули 2020
Категорија: 
Стории
Прочитано:
3.873 пати