Континуираниот тренд на џемперите низ годините

26 септември 2014

Sophia Loren 1950

Ако денес најмногу ги обожаваме есенските и змиски комбинации сочинети од предимензионираните џемпери кои често имаат улога и на јакни, низ годините наназад ова паче облека беше незаобиколно. Во чест на штотуку дојдената есенска доба, се навраќаме со фотографии на познати славни дами што често од своите комбинации ги вклучуваа различните модели на џемпери. Од Мерлин Монро па сè до Викторија Бекам ќе ве инспирираат да ги носите на многу начини. Бидејќи периодот од 50-тите до 80-тите се смета за еден од најплодните во модниот свет, како продукт на дизајнерската замисла секако се вклучуваат и плетени џемпери во разни текстури и форми.

 

Marilyn Monroe 1953 Marilyn Monroe 1953

Печат на  60-тите се и денес универзално обожаваните ролки кои се до почетокот на следната декада остануваат како императивно парче. 70-тите пак’ се период кога популарни стануваат тенките и тесни џемперчиња кои ја нагласуваат женственоста, најчесто изработени во V израз и етно мотиви.

 

Twigi Twigi

Во 80-тите ова парче претрпува блага трансформација, а тоа освен што улога добива од секојдневните кежуал стајлинзи познатие почнуваат да го носат и од свечени комбинации и на сцена. Витни Хјустон во 1985-та година на настап се појави со елегантни бели панталони споени со бел нежен џемпер со нагласени раменици и богата волнена текстура.

 

W.H 1987 W.H 1987

Едноставно кажано, иако доста еволуираа, џемперите и денес се едно од најприменуваните парчиња што може да се најде во гардероберот на секоја жена.

 

Последен тренд кој владее низ улиците на модните метрополи е комбинацијата од предимензиониран џемпер париран со молив здолниште. Шик-комбинација која вреди да ја пробате и да уживате во комфорот и урбаноста од истата.

 

Објавено:
26 септември 2014
Категорија: 
Стории