Корона вирусот ја нападна и модната индустрја

17 февруари 2020

Кина се соочува со големи загуби како последица од корона вирусот – и човечки, но и финансиски.

Голем дел од фабриките се затворени или привремено на пауза, што доведува до намалувањето на производството, доставата, продажбата... Тоа е синџир, каде негативниот тренд е како домино ефект.

Mодната индустрија на Велика Британија ѝ носи повеќе од 30 милијарди фунти годишно (околу 39 милијарди долари).

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by VisualWindows (@visualwindows27) onSep 15, 2018 at 4:15pm PDT

Пред една недела, модниот бренд „Барбери“ упати соопштение дека епедемијата на корона вирусот има далеку полоши последици за неговата продажба од повеќемесечните протести во Хонг Конг, кои ги преполовија исходот за минатата година.

Како велат, две петини од приходот на британскиот бренд доаѓа од кинеските купувачи. „Барбери“ во Кина има дури 64 продавници, а во моментов 24 од нив се затворени, додека пак, тие што работат забележале пад на продажбата и до 80 проценти, пренесува „Финeншл Тајмс“.

На оваа тема мислењето го изрази и Бернар Арно, челниот човек на групацијата „LVMH“. Тој кон крајот на јануари изјави како сè уште е рано за прогнози околу влијанието, односно штетата што вирусот би ја донел и дека верува дека нема да има страшни последици доколку епидемијата потрае и два месеци.

„Но, ако потрае две години, тоа ќе биде сосема друга приказна“, вели Арно за „Вог“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @jewelsofchina onNov 10, 2019 at 5:00am PST

Од друга страна, челниот човек на групацијата „Керинг“, Франсоа Анри Пино во чија сопственост се брендовите “Гучи“ и „Баленсијага“ (помеѓу другите), вели дека е забележан значаен пад на продажбата. Нивните продавници во Кина сè уште работат, но со скратено работно време, освен во моловите во Кина кои се комплетно затворени.

Според нивните статистики, кинеските купувачи се клучни, особено за луксузната мода, односно пазар (и дома и во странство), особено имајќи предвид дека Кинезите оставаат повеќе од 100 милијарди долари годишно на парчиња од Висока мода.

Продавач во бутик на луксузен моден бренд, во мол во Пекинг откри за „Вог“ дека во нормални денови, бутикот го посетувале од 600 до 800 посетители, од кои 90 до 120 купувале. Последната недела таа бројка е намалена на пет посетители во бутикот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jeffrey (@ancientmarinerjc) onJan 26, 2020 at 4:46am PST

Во 2019 година, купувачите ширум светот потрошиле 306 милијарди долари на луксузни парчиња, од кои само 35%, односно 107 милијарди долари биле од кинеските купивачи.

Компанијата „Тапестри“ во чија сопственост се бредновите „Кејт Спејд“ и „Коуч“ неодамна објави дека ширењето на вирусот довело до намалување на продажбата, па уште од сега е јасно дека финасиските сумирања за годинава ќе бидат пониски од предвидените.

Проблемите со кои се соочува модната индустрија во случајов, ги поттикна модните брендови односно групации да размислуваат да го префрлат производството во други држави. Турција е една од опциите и некои преговори се веќе и започнати.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Eye Level (@theeyelevel) onJan 17, 2020 at 11:27pm PST

Инаку, Кина доминира во глобалниот сектор на производство облека, па турските произведувачи изминатите години се посветија на производство на облека со поголем квалитет и цена, но со актуелниот проблем изгледа некои европски модни компании се подготвени и на тоа.

Кинезите во последните 10 години придонесуваат за 38 проценти од приходите на глобалната модна индустрија, што е знак на зголемена моќ на потрошувачка.

Инаку, провинцијата Вухан која брои околу 45 милиони жители е комплетно отсечена од светот. Затворени се и уште неколку кинески градови, шопинг центрите се празни, работниците се дома.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Susan G (@expatladywholunches) onJan 11, 2019 at 11:20pm PST

Но, секако дека на удар не е само модната индустрија. Како последица на корона вирусот, преку 300 кинески фабрики бараат кредити за да ги ублажат последиците.  Финасиските стручњаци велат дека најсилните последици ќе се почувствуваат во автомобилската индустрија, затоа што Кина е најголемиот набавувач на деловите за фабриките за автомобили во светот. Така, компанијата „Фијат Крајслер“ веќе најави можност за затворање на една од своите фабрики во Европа, не потенцирајќи на која мисли. Претходно, производството во Кина го сопреа и компаниите „Хонда“ и „Тојота“. „Фолксваген“, „Бе-Ем-Ве“, „Волво“, „Тесла“ се на пауза додека трае епидемијата.

Не работат ни преку 2.000 претставништва на „Старбакс“, стотици ресторани „Мекдоналдс“, 130 продавници на модниот бренд „Јуникло“ и сите 30 продавници на „Икеа“.

Објавено:
17 февруари 2020
Категорија: 
Стории
Прочитано:
2.720 пати