La Dama - Светскиот квалитет дефиниран преку македонски производи

17 ноември 2014

Сте се запрашале ли какви се критериуми треба да бидат задоволени и колку несебични вложувања треба да се направат, за еден македонски бренд прво да се позиционира, а потоа и успешно да опстане и прогресира на домашната модна платформа? Особено ако тој континуиран прогрес трае повеќе од две децении.

Одговорот е олицетворен во професионализмот како главен бастион на успехот на македонската компанија за производство на хулахопки што ги има произведено едни од првите македонски хулахопки,  Л-Д Колант која неодамна  го основаше брендот La Dama, прифаќајќи ги предизвиците на современото живеење.

Љубица Атанасова Љубица Атанасова

Од 1992 година, оваа семејна компанија перманентно вложува во својот квалитет и развој и создава македонски производи со светски предзнак што допира до естетиката и квалитетот на глобалните брендови од овој ранг.

Со богато портфолио од 16 различни производи и десетици кои се во последна развојна фаза, достапни на повеќе од 600 продажни места низ целата земја, оваа компанија создава  свој моден бренд кој целосното заслужено внимание им го посветува на македонските жени.

Во постојан траг на потребите и барањата на жените, а истовремено и во паралелен чекор со современите трансформации на пазарот, во мај годинава компанијата  го лансираше брендот La Dama, како современа рефлексија на безвременската производна традиција.

La Dama е современото лице на компанијата што ги имплементираше технолошките иновации и естетските новитети, а притоа ги задржа гарантираниот квалитет, професионалната изработка, допадливоста и софистицираноста на своите производи.

Профилирана како женска компанија која го следи успешното водство на две жени: Мара Атанасова и нејзината ќерка Љубица, безрезервно поддржани од машката половина на семејството, симболично и директно упатува на тоа дека оваа нераскинлива релација создава бренд што најдобро ги познава жените и нивните естетски потреби.

Како еден од пионерите во плетењето на првите македонски хулахопки, La Dama ја оправдува својата значајна позиција со целокупниот производствен капацитет со кој располага и ги обезбедува сите процеси во создавањето на производите, од идеја до реализација.

Процес на производство Процес на производство

Процесот на производство започнува со набавка на висококвалитетни материјали потребни за производство на еден пар хулахопки или чорапи. Најпрвин се плетат ногавиците  со специјални кружно-плетачки машини „Лонати“. Потоа, следува фаза на кроење на ногавиците и  спојување на истите. Кога веќе се спојува комплетниот полу-производ се преминува на следна фаза: хемиско боење. При секоја фаза од производствениот процес се прави квалитативна и естетска проверка на хулахопките, а квалитетот се верифицира откако ќе заврши фазата на хемиското боење и сушење со тоа што хулахопките поминуваат финална проверка на специјални преси за хулахопки при што се врши и пеглање на истите. Откако хулахопките ќе ја поминат и оваа фаза,  се пакуваат во уникатните амбалажи на брендот и се дистрибуираат во над 600 продажни места низ цела Македонија.

Ваквиот производствен круг се затвора со совршен производ што дополнително ги облагородува женските нозе,  истовремено ја комплетира естетиката во нивниот изглед, а покрај тоа доловува и свиленкаст и нежен сензибилитет.

Уште на прв поглед, хулахопките на La Dama ќе го „украдат“ вашето внимание благодарение на перфектниот дизајн на пакувањата што уште еднаш го потврдува фактот дека во оваа семејна бизнис приказна се внимава на секој детаљ што ја прави идејата комплетна.

Суптилните земјени тонови што преовладуваат во дизајнот на амбалажите, директно асоцираат на нежниот, но истовремено и цврст дизајн на хулахопките кои буквално ги галат женските нозе.  Уникатното лого на La Dama е  ружата во која е профилиран женски лик, како симболичен спој на моќната и доминантна со кревката и ранлива страна на жената.

Лого на La Dama Лого на La Dama

Секој различен производ носи своја специфична нота, како во однос на изработката, дебелината, дезенот и бојата, така и во однос на препознатливоста на самото пакување.

Професионалниот однос што ги исполнува високите барања на глобалниот пазар, ги сплотува двете најзначајни половини во секој бизнис: производството и корпоративниот имиџ. Во случајот на La Dama, целосната контрола во совршената синхронизација на овие две страни е во рацете на семејството Атанасови, кое посветено и од корен го започна овој бизнис и веќе втора генерација по ред го доусовршува, развива и модернизира до степен на глобален бренд со македонски идентитет.

 

La Dama е Вашиот идеален партнер во освојувањето на сечие внимание!

Спонзорирана објава

 

Објавено:
17 ноември 2014
Категорија: 
Стории