Љубов во време на корона: Ѝ испратил порака по дрон и љубовната приказна започнала

28 март 2020

Не е сè така депресивно и негативно во ова време на изолација, кога надвор владее коронавирусот. Во карантин се раѓаат и љубовни приказни, а една таква споделија и американските медиуми.

Џереми и Тори се имињата на соседите во Бруклин, кои се вљубија еден во друг. Џереми, кој живее на еден од високите катови во зградата, видел една девојка на покривот на соседната зграда како игра. Нејзината природност и спонтаност, како и расположение во ова време-невреме, толку му се допаднала, што по дром ѝ испратил порака и почнале да се допишуваат.

Освен тоа, сфаќајќи за ограниченоста на движењето, тие смислиле уникатен начин да „излезат“ на состанок. Двајцата излегле на балконите, односно врвот на зградата, со наместени маси и храна и преку видео повик имале романтичен ручек.

На Џереми му текна да се стави во „меур“ и така да дојде до нејзината зграда.

Нивната приказна ја пренесоа „Канал 4“, но и „Њујорк тамјс“ и многу други медиуми, па веќе и ги препознаваат. Имаат илјадници нови следачи на социјалните мрежи, а со својата љубовна приказна, на сите им влеваат надеж и позитивност.

Досега објавија три видеа за тоа како течело нивното запознавање и љубовната приказна, дали ќе следат уште видеа ќе видиме, но еве дел од тоа што се случувало:

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by JEREMY COHEN (@jermcohen) onMar 22, 2020 at 1:02pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by JEREMY COHEN (@jermcohen) onMar 22, 2020 at 7:06pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

Quarantine Cutie, part 2. Her name is Tori (@toricigs) and she’s cute and kind

A post shared by JEREMY COHEN (@jermcohen) onMar 25, 2020 at 10:47am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by JEREMY COHEN (@jermcohen) onMar 27, 2020 at 9:06am PDT

 

Објавено:
28 март 2020
Категорија: 
Стории
Прочитано:
3.942 пати