Преслатко

Мајка ја фотографира ќерка си со Даунов синдром во облека што самата ѝ ја прави

6 ноември 2019

Катја е од Русија, со сопругот живее во Москва и имаат прекрасна ќеркичка. Нејзиното име е Лиса, има Даунов синдром, а двојката ја посвоила пред неколку години.

Со оглед на тоа дека Катја уште од дете покажувала креативност и талент за шиење, таа почнала да се занимава со дизајн и изработка на костими, како и цветни круни.

Исто така, се занимава и со фотографија, па ги споила овие две креативни нешта во една. Нејзиниот инстаграм профил е исполнет со фотографии од слатката Лиса, облечена (на повеќето) во костими што Катја ѝ ги изработува.

„Како фотограф сакам да создавам приказни кои покажуваат колку се слатки и прекрасни децата со Даунов синдром, а секако посебно ќерка ми Лиса.

Знаејќи ја приказната на Катја, нејзината пријателка Полина одлучува да напише статија и да ги испрати фотографиите на сајтот „Bored Panda“, за може и светот да ја види Лиса.

Фотографиите се преземени од нејзиниот Инстаграм профил, каде можете да видите уште фотографии.

Објавено:
6 ноември 2019
Категорија: 
Стории
Прочитано:
5.381 пати
Извор: 
boredpanda.com