Малата храбра Ѓурѓица им кажа чао на хемотерапиите

18 ноември 2021

Со една убава вест го започнуваме овој ден. Малата Ѓурѓица со силно ѕвонење на ѕвончето во Детската клиника во Скопје, ја прослави својата победа и крајот на болеста.

Таа пред неколку месеци посака за роденден да добие перика, а сега веќе си оди дома.

Среќната вест ја споделија од здружението САНО кои напишаа:

„Денес се радуваме на една храбра принцеза, херојка која им кажа збогум на хемотерапиите. Ѓурѓица силно удри на ѕвончето за чао, за сите да ја слушнат нејзината победа. Браво! Само напред! САНО е горд на Ѓурѓица".

 

Објавено:
18 ноември 2021
Категорија: 
Стории
Прочитано:
2.057 пати