Модата ја претскажува иднината: И човекот ќе стане унисекс?!

18 јули 2014

Живаши - есен-зима 2012-13

Ако судиме според модните тредови„Стопување“ на половите, „gender fusion“ ќе биде иднината на човекот.

Минатата зима во мода беа женски капути и јакни сошиени од традизионално машки материјали и кроеви. Ако се осврнеме на оделата, жените веќе одамна ги носат, уште од времето на Марлен Дитрих. Во текот на 1980-тите години меѓу најзастапените модни детали, а и трендови беа високите потполнки кои како да ја најавуваа одлучноста на жените да влезат во машкиот свет.

улична мода улична мода

Следната деценија пак, американскиот дизајнер Том Форд го преобликуваше машкото одело, но и самиот поим - маж. Една од највпечатливите рекламни кампањи беше и онаа на Гучи каде манекенката во сомотско одело стои помеѓу двајца феминизирани момчиња.

Гучи Гучи

Дејвид Боуви се шминкаше и се поигруваше со двосмисленоста на својот пол, но денес тоа е далеку надминато. Стилистите одамна го сфатија претопувањето на половите и го даваат придонесот во новата естетика.

-Ако денес видите некој маж со чанта или чудни чевли, тоа е нешто сосема нормално. Некогаш беше ексцентрично, во најмала рака - вели италијанскиот дизајнер Алесандро Сартори.

Неговото мислење го дели и дизајнерот Роберто Меникети кој тврди дека „модата само ја одржува моменталната состојба во која разликата во начинот на живеење и емоционалниот живот на мажите и жените е се помала“.

Сето тоа ќе биде „праисторија“ за француските деца кои денес одат во некое од 500 основни училишта во кои се применува еднаквост на играчките - кукли и автомобилчиња за сите.

Одредени лекари почнуваат се повеќе да зборуваат на темата за хормонална еднаквост. Според нив, се работи за антрополошки феномен предизвикан со „промена на традиционални семејни и општествени улоги кои доведуваат до биолошка модификација“. Мажественоста и женственоста полека, но сигурно стануваат едно те исто.

Машка мода на потпетици (есен-зима 2014) Машка мода на потпетици (есен-зима 2014)

„Самата природа ја губи својата нормалност, тенденција која доведе до признавање на неутралниот пол - вели францускиот филозоф Жан-Франсоа Матеи.

Изгледа, модата прва го забележала тоа и го користи. Андреј Пејиќ на пример стана еден од најплатените и најбараните модели токму поради неговата голема моќ да се „стопи“ од еден пол во друг.

Андреј Пејиќ

Андреј Пејиќ

Објавено:
18 јули 2014
Категорија: 
Стории