Error message

Модата од 70 – те на голема врата се враќа на филмското платно

6 декември 2013

„Халстон, Гучи, Фиоручи“... добро познатиот текст на култната „He's the Greatest Dancer“ на Sister Sledge ги направи овие брендови ултра познати во модата во 70 – те години.

Па така, сосема е оправдано некои од брендовите сега да им бидат благодарни на тие години и да создадат колекција која се навраќа на неверојатната мода од тој период. Халстон и Гучи овојпат создадоа супер ретро парчиња за филмот „American Hustle“ чија промоција ќе се случи на 13 Декември.

Во филмот, може да се види навистина фантастична мода која одлично е носена и презентирана од совршената екипа во филмот – убавецот Бредли Купер, фантастичната Џенифер Лоренс, елегантниот Кристијан Бејл и шармантната Ејми Адамс.

Дејствието на филмот се одвива во 1978 година и прикажува една навистина фантастична приказна за политичката моќ и големите моќници од тоа време.

Покрај одличната приказна, во филмот можат да се видат неверојатно софистицирани и луксузни брендирани парчиња. Во една сцена може да се види актерката Ејми Адамс како ја носи грациозната Гучи питон чанта. Таа носи и прекрасен Гучи ѓердан, обетки и бразлетна и секако тука се и неодоливите потпетици од Кристијан Диор.

Карактерот на Лоренс, Роселин Росенфилд, е богата млада жена од предградието која многучесто го менува своето расположение. Поради тоа, низ сцените во филмот можеме да ја видиме како носи „убиствено“ секси парчиња како разголените фустани на Диор, а минути подоцна е облечена во волуменозни и удобни фустани за по дома.

Многумина за фантастичниот Бредли Купер ќе кажат дека во филмов ги има можеби најголемите трансформации некогаш направени. Тој на посебен начин ја прикажува моќта на облеката и нејзиното влијание врз луѓето.

Четири децении подоцна, модата се уште го има тоа влијание и се чини дека така и ќе продолжи. Доколку се навратиме наназад, во обид да го појасниме тоа влијание, сигурно прво ќе се потсетиме на неверојатниот „Треска во саботната вечер“ кога Џон Траволта за прв пат ги промовираше високите јаки и секси тесните машки костими.

Погледнете кои се другите култни филмови од 70 – те што оставија навистина голем печат во модата.

„Foxy Brown,” 1974: Пем Гриер на светот му покажа како треба да изгледа една секси жена во бели бикини.

„Lady Sings the Blues,” 1972: Били Холидеј беше гламурозна дива во нејзината тесна, секси облека за на сцена.

„The Great Gatsby,” 1974: Ралф Лорен, инспириран од 20 – те години, дизајнираше неверојатна машка облека во која беа вклучени и ултра популарните Гетсби маички.

„The Stepford Wives,” 1975: Совршена шминка, натрупани фустани и волшебни шапки беа главните модни моменти во одличната сатира.

„Taxi Driver,” 1976: Адолесцентната проститутка Џоди Фостер налетува на таксито чиј управувач е Роберт Де Ниро во жешки, куси панталончиња, високи потпетици и голем шешир – изглед доволен да го инспирира Марк Џејкобс за пролетната колекција за 2011.

„All the President’s Men,” 1976: Политички трилер инспириран од генерација на смели новинари, кои си ги „посвоија“ маичките со подвиткани ракави како свој заштитен знак.

Објавено:
6 декември 2013
Категорија: 
Стории