Моден хотел во Амстердам

7 август 2013

The Exchange е името на хотелот во Амстердам кој ги спојува архитектурата и модата на најнеочекуван начин. Хотелот е дел од урбаниот проект под назив „The red carpet“, кој имал за цел да ја направи амстердамската улица Данмарк разнолика и да и даде модерен изглед. Хотелот е сместен во три згради и има 61 соба кои имаат од една до пет ѕвездички. Најстарата зграда е изградена во 17.век, а освен хотелот, на ова место се наоѓаат и продавница и ресторан.

Секоја од собите се дизајнирани и опремени од студентите и дизајнерите на Amsterdam fashion institute (AMFI). Собите се различни и инспиративни, како и соседството во кое се наоѓа хотелот.

Собите се „облечени“ како модели на модна писта, а им овозможуваат на гостите да спијат опкружени со мода, а се будат во стил.

Собата инспирирана од Марија Антоанета е совршена за романтичарите. Во неа, огромни фустани висат на ѕидовите, како завеси.

Оние пак, што се љубители на минимализмот, ќе се задржат во собите инспирирани со бајката за царевото ново руво.

Дизајнерите ги претворија обичните хотелски соби во инспиративни модерни места. Во овој хотел ништо не е како што изгледа, или како што очекувате.

Ако сакате нешто сами да сошиете, можете да ги користите машините за шиење кои се наоѓаат во хотел.

Една од најстарите и најживи улици во Амстердам во чија близина се наоѓа и познатиот Црвен кварт, со овој проект доби необично место кое несомнено ќе ги привлече вљубениците во модата.

 

 

Објавено:
7 август 2013
Категорија: 
Стории