Моден речник - низ колекциите #1

28 јуни 2013

Секојдневно ги среќаваме во сите медиуми и вести поврзани со модата. Тие се главна терминологија во модниот свет. Но, знаеме ли навистина што значат? Во продолжение ви презентираме мал водич на модни термини, што ќе ви помогнат уште повеќе да навлезете во царството на модата.

Elie Saab Haute couture 2013 Elie Saab Haute couture 2013

Haute couture – или висока мода. Означува парчиња, најчесто фустани рачно изработени, од скапи материјали и со лимитирано издание. Исто така, креациите се прават по мерка на клиентот.

Alexander Mcqueen ready to wear колекција пролет 2013 Александер Меквин ready to wear колекција пролет 2013

Pret-a-porter е француски израз што во превод значи – готово за носење. Англискиот еквивалент е ready to wear. За разлика од haute couture, оваа е веднаш-нослива облека и е многу поекономична и попрофитабилна. Нивната главна одлика е масовна продукција и индустриска прилагодливост. Многумина ја нарекуваат и секојдневна облека. Ready to wear колекциите  најчесто се презентирани од модните куќи во секоја сезона и тоа на модните недели, што се случуваат два пати во годината. Така, се презентираат колекции за пролет-лето, есен-зима, ресорт, невестински и колекции за костими за капење.

Москино - ресорт колекција 2013 Москино - ресорт колекција 2013

Ресорт (resort) или cruise колекција – се однесува на колекции за одмор (holiday or travel collection или на француски croisiere). Но, ресорт колекциите најчесто се презентираат меѓу сезони, пред да се појави ready to wear колекцијата и тоа два пати годишно. Она што мора да се напомене е дека ресорт колекциите се наменети за џет-сетерите. Тие преку овие колекции се информираат за тоа што е тренди кога е облеката за патување во прашање, каков изглед е пожелен за на јахта и сл. Парчињата од овие колекции во САД доаѓаат во ноември месец после есен-зима колекциите и пред пролет-лето колекциите. Исто така, не сите куќи изработуваат ресорт колекции. Ив Сен Лоран ја претстави и првата ресорт за мажи и тоа во 2006 година, што се практикува и денес.

Версаче пред-пролетна колекција 2013 Версаче пред-пролетна колекција 2013

Pre fall и pre spring колекции – Ова се колекции што се појавуваат пред главните за пролет-лето, односно есен-зима. Пред-колекциите го најавуваат она што ќе се прикаже во главните, и се со помал број дизајнирани парчиња.

Објавено:
28 јуни 2013
Категорија: 
Стории