Модна недела за жените над 50 години

20 февруари 2016

Лондонската модна недела веќе е во тек, но овој град уште еднаш покажа дека е отворен за нешта за кои што другите модни метрополи сè уште не се подготвени.

Непосредно пред почетокот на оваа голема модна манифестација, се одржа уште еден важен моден настан – „50+ Fashion Week“.

„Кафе Ројал“ (Café Royal) е домаќинот на 25-минутната ревија, чија цел е дека сè е до стилот, а не годините.

Онлајн продавницата JD Williams е иницијаторот на настанот. Тимот побарал од студентите од Лондонскиот колеџ за мода да создадат колекција која што ќе ја претстави модерната 50+ жена.

За ревијата биле ангажирани неколку модели меѓу кои Мари Хелвин (63) која ја отвори ревијата како и веќе добропознатата Дафне Селфи (87), најстариот активен модел, која ја затвори ревијата.

Иако многумина ќе помислат дека се работи за чист публицитет, имајќи предвид какви се новите трендови во модниот свет, сепак идејата доаѓа после истражувањето на JD Williams, кое покажало дека постарите жени се чувствуваат игнорирани од страна на модната индустрија.

Според истражувањето 58% од вкупно 12 милиони жени во Британија (од кои 4 милиони се помеѓу 50 и 64 години) изјавиле дека ужасно потценето особено на улиците на Њујорк.

Настанот 50+Fashion Week е создаден за да ја предизвика јавноста, да ја прошири својата потрошувачка моќ и побарувачка на сите модни куќи и продавачи.

-Пазарот е голем, но не им служи на сите, па ние сакавме да создадеме и предизвикаме можност. Нашите сознанија покажуваат дека жените над 50 години сакаат да бидат претставени и застапени и во медиумите. Сакаат убава слика и претстава за модата во нивни години по која ќе се стремат. Сакаат некој на нивна возраст да ја обликува, за да можат да се поврзат. Ние се трудиме тоа да го постигнеме – вели Анџела Спиндлер, извршен директор на JD Williams за британскиот „Телеграф“.

Но, ова е разгледувано и од економска точка. Сознанијата од „Центарот за економија и бизнис истражувања“ покажуваат дека жените над 50 години трошат 6,7 милијарди фунти годишно на женска облека, а тоа е 4 проценти од пазарот.

А каква облека купуваат?

Најбарани модели се еластични панталони со висок струк – 72% од жените над 50-тата година од животот бараат удобна облека. Потоа блузи со долги ракави, цветни бохо-фустани исто така со ракави, бидејќи девет од десет жени на оваа возраст сакаат рацете да им се покриени. Сакаат и парчиња со карнери.

За конкретното шоу, за изгледот на манекенките се погрижи стилистката Каролин Бејкер, која има 70 години. Таа се потрудила комбинациите на писта да бидат инспиративни за жените во оваа возрасна група, кои не сакаат да изгледаат старо.

-Навистина сочувствувам со недостатокот на модни примери за жените над 50-тите. Хелен Мирен изгледа одлично на црвениот килим, но дали таа е пример за секојдневниот изглед и стил? Сакам да ги видам овие жени да изгледаат кул. Па зарем не се?

Објавено:
20 февруари 2016
Категорија: 
Стории
Прочитано:
2.115 пати