Модно тркало: Што се носело некогаш, а што се носи сега?

14 мај 2021

Веруваме дека барем еднаш сте посведочиле на стара фотографија од вашата мајка или баба и сте се воодушевиле на некое парче облека што го носеле.

Или пак на некое такво сте „налетале“ во плакарот расчистувајќи ги старите работи.

Ако гледаме од денешен аспект, после модата од крајот на 40-тите, револуционернитите модни моменти се бројат на прсти. После „новиот изглед“ на „Диор“, кој буди женственост и нова силуета, не посведочивме на некој нов „нов изглед“. Можеби исклучок би направиле за Џани Версаче, кој понуди ново видување на женската естетика.

Не може да се рече и дека 60-тите, 70-тите, 80-тите, 90-тите, не беа модно инспиративни. Тоа би било лага, бидејќи денешните дизајнери и тоа како црпат од стариот моден бунар на креативност.

Честопати сме го слушнале и изразот дека модата „се враќа“, но навистина модното тркало се врти. 

А токму во тој контекст е и текстот што денеска го пишуваме. Одбрвме неколку доминантни трендови од минатото кои и денеска се носат - исто или слично.

Да бидеме искрени, понекогаш ни недостасува женственоста и елеганцијата, особено денес кога доминираат широките парчиња и андрогените изгледи, но сепак на крајот, суштината е во индивидуалноста, а не во трендовите, кои пак, од друга страна, тешко се занемаруваат.

Корсети

Широки миди здолништа + палто


Мини здолништа + маица

 

Хеланки

 

Минимализам


Ѕвонарки и принт

 

Монохроматски изглед


Џинс на џинс


Широки одела

 

 

Објавено:
14 мај 2021
Категорија: 
Стории
Прочитано:
7.075 пати