Најбизарни избори за убавина

6 октомври 2016

Првиот избор за убавина бил одржан во 1839 година во Шкотска. Сепак, првиот модерен избор за убавина бил одржан во 1854 година во САД, но веднаш бил укинат, поради негодувањето на народот.

Од 1880-тата, ваквите избори станале мошне популарни насекаде. Во 1888 година се одржува Спа избор за убавина во Белгија. Сѐ до 1921 година ваквите натпреварувања воопшто не биле сериозно сфаќани, ниту почитувани.

Но, од 1921 година, со изборот „Мис Америка“ одржат во Њу Џерси, работите почнуваат да се менуваат. Сепак, појавувањето во бикини било дозволено дури во 1997 година. Првиот Интернационален ваков избор бил во 1926 година.

„Мис Универзум“ - 1952

„Мис на Светот“ станува актуелен од 1951 година, а следната и „Мис Универзум“.

И покрај тоа што многу се вложувало во ваквите манифестации и нивната гламурозност, во исто време, низ светот се одржувале и некои од најбизарните избори за убавина, а дел ви презентираме во продолжение:

„Мис совршено држење“

Мариан Баба(16), Луис Конвеј (18) и Рут Свенсен(26) се победничките на „Мис совршено држење“, што се одржувало во Чикаго во 1956 година.

„Сите три беа одбрани не само поради нивната очигледна убавина и нивните ренгенски снимски, туку и поради нивната исклучителна исправеност и позирање. Секоја од девојките стоеше на вага, на една, па на другата нога. Победничкото трио имаше точно половина од тежината на секоја нога, така што се потврди нивната перфектна исправеност“, пренесе весникот „Трибјун“ во тоа време.

 

„Мис прекрасни очи“

Во текот на 1930-тите се појави уште еден бизарен избор – „Мис прекрасни очи“. За да не бидат судиите збунети од останатите делови на лицето на натпреварувачките, тие носеле маски, а можеле да им се видат само очите. Прилично морничаво, но на Флорида така ги избирале најубавите очи.

Во текот на 1936 година, се појавија уште неколку такви избори и низ Европа. А во видеото погледнете како изгледало тоа во 1958.

 

„Кралица на колбасите“

Не се работи за класичен „Мис“ избор, но и ова не е за потценување. Во текот на 1955 година се одржувала Национална недела на хот-догот, спонзорирана од „Zion Meat Company“. За таа цел се избирала и „Кралица на колбасите“, а победничка била Џин Кортни. Следната година тоа била Лореин Кол.

 

„Најубави нозе“

Во 1949 година се избирале најубавите нозе во САД. Девојките ги негувале своите нозе и морале да носат високи потпетици, за што поубаво да се истакне овој дел од телото.

Во Англија пак, при ваквиот избор, бил покриван горниот дел од телото, за само нозете да останат во фокус и за подобра проценка за тоа која девојка ги има најубавите.

 

„Мис дебела и убава“

Овој избор се одржувал во Лондон околу 1960-тата. Победничката се ословувала како „Британската најгламурозна буцка“.

 

„Мис пелена“

Околу 1947 година, во Чикаго се одржала конвенција на “Институтот за производство на пелени во САД“, при што се организирал и избор за „Мис пелена“. Титулата ја добила Бети Барет.

 

„Мис Мерилин“


Натпреварувачките се мерат на шаблони, за да се види дали нивната фигура се поклапа со онаа на Мерилин Монро. Изборот се одржувал во Британија, во 1958 година.

 

„Мис атомска бомба“

Ли Мерлин е „Мис Атомска бомба“ на изборот кој се поклопува со операцијата „Plumbbob“ во 1957 година, серија тестирања на нуклеарните бомби во пустината Невада.

 

Објавено:
6 октомври 2016
Категорија: 
Стории
Прочитано:
753 пати