Најдобрите модни блогови за жени со облини

29 октомври 2013

Модата не е синоним само на бројки, а тоа го докажуваат инспиративните модни блогови кои ја третираат модата за жени со вишок килограми. Можете да бидете елегантни со  облини, гарантирано. Тоа е мотото кое е водички стимул на овие блогови. Во текот на истражувањето ќе бидете изненадени од креативноста и инвентивниот начин на кои овие блогови ги комбинираат ткаенините, моделите и боите со кои ќе изгледате како манекенка од писта.

 

 

Еве листа на осумте најдобри :

Моден блог: GabiFresh

Првиот моден блог за жени со облини е GabiFresh. Истоимената сопственичка Габи го започна овој блог во 2008 година кој првично беше насловен Young, Fat and Fabulous (Млади, дебели и неодоливи). Таа е голем обожавател на модата и сака предизвици кои се во рамките токму на модните парчиња за жени со облини. Ако сакате да добиете одлични совети за одличен аутфит, дефинитивно треба да го посетите овој блог.

 

 

Моден блог: The Plus Side Of Me

Друг моден блог кој сигурно ќе го привлече вашето внимание е The Plus Side Of Me. Ребека е девојката која стои зад  овој сајт за жени со вишок килограми. Таа има 25 години и на нејзините читателки им покажува како преку парчињата облека кои ги одбираат да стекнат самодоверба за начинот на кој изгледаат. Им порачува да немаат ограничувања кога е облеката и моделите во прашање. Покрај ова таа дава и совети за кој тип на козметички производи треба да ги користат жените кои имаат облини, разработувајќи повеќе модни аспекти, факт кој и носи голема популарност и читаност.

 

 

Моден блог: Curvy Girl Chic

Curvy Girl Chic, модниот блог на Алисон Тенг која себе се опишува како „Сериозна шопохоличарка“. Блогот е посветен на запознавање нови луѓе и споделување на актуелни трендови кои главно се однесуваат на различни комбинации и стилови за заоблени дами.

 

 

Моден блог:  Kirstin Marie

Сајтот на Кирстин важи за еден од најпосетените. Таа ја сака модата, а особено начинот на комбинирање различни бои, принтови и ткаенини кои изгледаат одлично на нејзинто заоблено тело. Таа исто така има своја рубрика во рамките на која доделува поклони на верните читатели, а е и мошне ангажирана во телевизиски реклами и кампањи, што како стилист, но и како учесник.

 

 

Моден блог:  The Big Girl Blog

Ако сте во потрага на нешто повеќе од само мода и комбинации на модели за жени со вишок килограми тогаш посетете го сајтот The Big Girl Blog. Можете да дознаете корисни совети за убавина, фитнес идеи, а и текстови од типот, како практично да се спакувате на одмор и слично.

 

 

Моден блог: Fat in the City

Овој моден блог е во сопственост на две супермоделки Ајша Феирклој и Џил Андру, Ајша е телевизиски продуцент, која обожава да дизајнира чевли, додека Џил е колумнистка која неколку пати е наградувана и сака да прави комбинации со масивни џемпери. Исто така на нивниот сајт можете да стапите во контакт со голем број дизајнери на облека за жени со облини од кои можете да добиете како совети, така и да си купите некое одлично парче или целосна комбинација.

 

 

Моден блог:  Stylish Curves

Овој моден блог го води Алиса Вилсон која покрај дипломата на полето на науката и комуникациите сепак се одлучи за карира во модната индустрија. Оваа дизајнерка покрај блогот своите парчиња ги продава и надвор во специјализирани продавници и трговски центри.

 

 

Моден блог: Life and Style of Jessica

Творецот на овој моден блог е познатата претприемачка Џесика Кејн која воедно е и потпарол на организацијата за жени со облини која постојано ја нагласува потребата од дебати на теми кои ќе ги научат овие жени како да научат да си го сакаат своето тело и покрај фактот што имаат килограми вишок и како да се облекуваат елегантно, вкусно и модерно. Во 2012 година таа ја зема наградата за „Највлијателна жена“ доделена од Бизнис весникот на Портланд.

 

 

Објавено:
29 октомври 2013
Категорија: 
Стории