Најскапиот стајлинг на Оскарите го носела Кејт Бланшет, „Венити Фер“ ја има најскапата забава

6 февруари 2020

Уште четири дена до 92. издание на Оскарите. За Македонците ова е посебно возбудливо, бидејќи домашниот документарен филм „Медена земја“ е номиниран во две категории: За најдобар документарен филм и За најдобар интернационален филм.

Но, оваа манифестација ја прават интересна и престижна уште многу други податоци, а дел од нив ви презентираме во продолжение:

-Првата церемонија е одржана во 1929 година, а билетите чинеле само пет долари. На првите „Оскари“, присуствувале само 270 луѓе.

-Церемонијата денес чини 44 милиони долари. Во оваа цена, покрај она што ние го гледаме на телевизија, влегуваат и „Оскаровскиот ручек“, доделувањето на трите животни награди на „Governors Awards“ и балот (Governors Ball).

-Поставувањето на црвениот килим трае 900 часа, за што се задолжени 18 луѓе.

-Самиот црвен килим чини 24.700 долари. Се простира на површина од над 4.600 метри квадратни, а посебно за килимот е вработено обезбедување, кое внимава некој да не го оштети.

-Просечната вредност на стајлингот на актерки од А-листата е 10 милиони долари. Сепак, најскапиот стајлинг во историјата на „Оскарите“ го имала Кејт Бланшето во 2014 година, чија цена изнесувала 18.1 милиони долари. Цената на фустанот од брендот „Armani Prive“ чинел 100.000 долари, додека накитот од „Шопард“, кој вклучувал обетки со 62 скапоцени камења (поточно опал), дијамантска алка и прстен, придонеле да се стаса до цена над 18 милиони. Инаку, таа година Бланшет доби „Оскар“ за Најдобра актерка за улогата во филмот „Blue Jasmine“ на Вуди Ален.

-Холивудските студија и продукции за време на сезоната за лобирања и кампањи трошат преку 100 милиони долари. 

- „Оскарите“ секоја година се одржуваат во Лос Анџелес. Од 2002 „Долби Театарот“ е местото каде што се собираат најпознатите ѕвезди. Оваа манифестација на градот му носи 130 милиони долари импут секоја година. 

-Со години наназад, после официјалната церемонија, следи забава и тоа во организација на магазинот „Венити Фер“. Воедно тоа е и најскапата „афтер парти“ забава, а цената на билетите се движи околу 105.000 долари.

-Филм со најмногу номинации годинава е „Џокер“. Има вкупно 11 меѓу кои и за Најдобар режисер, Најдобар филм, Најдобар актер во главна улога, Најдобра оригинална музика, Најдобро адаптирано сценарио, Најдобра кинематографија, Најдобра костимографија, Најдобра шминка...

-Да добиете „Оскар“ е исплатливо и на подолги патеки. На пример, Филмот  што ќе биде прогласен за „Најдобар филм“, потоа остварува зголемување на заработувачката на киноблагајните 15 милиони долари.

-Од сите номинирани филмови годинава во категоријата „Најдобар филм“, „Паразит“ го имал најмалиот буџет при снимањето, но највисок рејтинг на „Rotten Tomatoes“.

-На актерите и актерките што ќе освојат „Оскар“ во категоријата за Најдобар актер, односно актерка, за 20 проценти им се зголемува платата.

-Најбогатата жена номинирана за „Оскар“ е Скарлет Јохансон. Нејзиното богатство се проценува на 165 милиони долари. Инаку, таа годинава има две номинации - За Најдобра актерка во главна улога во филмот „Брачна приказна“ и за Најдобра споредна женска улога за улогата во „Џоџо зајакот“.

-Најдолгиот филм номиниран годинава е „Ирецот“, со дејство долго 209 минути или околу 3 и пол часа. Во историјата на „Оскарите“  само еден филм е подолг - „Одвеано од виорот“ долг 238 минути.

-Реклама од 30 секунди за време на „Оскарите“ чини 2.6 милиони долари. Мислите дека е многу? Тоа е сепак само 54 отсто од цената на реклама со истата должина за време на „Супер Боул“.

-Мартинс Скорсезе е по деветти пат номиниран за Најдобар режисер, што го прави режисер со најмногу номинации некогаш.

-Годинашното издание на „Оскарите“ ќе биде трето по ред кое ќе нема водител. Таква беше ситуацијата и во 1989 година, а тогаш манифестацијата беше оценета како катастрофална, што не е случај со претходните години.

-Речиси третина од годинашните номинирани се жени, што е највисок процент досега. Во категоријата Најдобар режисер нема жени, но затоа во категоријата Најдобар документарен филм сите пет филма имаат женски режисер, а меѓу нив е и нашата Тамара Котевска.

-Таканаречените „вреќички со подароци“ годинава ќе бидат во вредност од околу 148.000 долари секоја (за сите 24 номинирани). Одмор со јахта (12 дена) чија вредност се проценува на 80.000 долари, шише од рачно изработен бел абсинт, сируп за правење коктели, француски колачиња „макарунс“, потоа купка со 24 каратн злато, аметист клристал, но и хијалуронска киселина. Исто така, подароците опфаќаат и посета на Канарските острови, домашно чоколадо со канабис за осум возрасни лица, шише од брендираната текила на Рита Ора (Rita Ora Prospero Tequilla), како и две пакетчиња „Pepperidge Farm Dark Chocolate Milano, третмани (не операции) од пластична хирургија во вредност од 30.000 (не операции) кај пластичниот хирург Константин Васјукевич, столче за медитација, дијамантски обетки и уште многу други нешта...

Објавено:
6 февруари 2020
Категорија: 
Стории
Прочитано:
4.796 пати