Највпечатливите креации во кариерата на Албер Елбаз 

27 април 2021

Неговата прва колекција за Ланвин се случи есента во 2002 година и оттогаш, Албер Елбаз леташе нежно и бајковите низ скалилата на модната сцена, како пеперутката која постојано ја носеше и стана негов заштитен знак.

Дизајнерот твореше под брендот Ланвин повеќе од 10 години

Дизајнерот кој ги облекуваше Мерил Стрип, Натали Портман, Шарлиз Терон, Ема Стоун, а кој го сакаа сите - од колеги до клиенти, секогаш ја истакнуваше убавината на женското тело без да изгледа вулгарно, сакајќи неговата облека да е практична, нослива, соодветна.

Натали Портман беше една од неговите најголеми обожавателки

Сигурно го паметите златниот фустан кој Мерил Стрип го носеше клга последен пат собра Оскар. Или панталоните и топот на Ема Стоун од БАФТА. Фустанот во кој Бијонсе ја најави својата бременост. Сите се креации на Ланвин под водство на Елбаз.

Мерил Стрип, Бијонсе, Ема Стоун во креации на Албер Елбаз На контроверзната насловна страница со Ким и Кање, кој крена голема прашина за Вог, Ким беше облечена во креација на дизајнерот

Албер Елбаз си замина на 25 април оставајќк зад себе големо наследство од кое можат да учат идните генерации. Во продолжение, некои од неговите највпечатливи креации...

Ана Винтур и Ана Дело Русо во креации на Ланвин Ким Кардашијан Сандра Булок Руни Мара Лупита Нјонго Никол Кидман Ема Стоун Тилда Свинтон Шарлиз Терон Клое Севињи

Објавено:
27 април 2021
Категорија: 
Стории
Прочитано:
262 пати