НЕ е комплетна реченица: Да признаеш дека си бил жртва значи да признаеш дека не си виновен

25 јануари 2021

Кога во 2017 година се појавија првите обвинувања за режисерот Харви Вајнштајн, а потоа и движењето #MeToo, сите гледавме со неверување дека такво нешто со години било премолчувано.

Воедно, да бидеме искрени, овој проблем го набљудувавме генерално оддалеку, бидејќи нели и Америка е далеку.

Но, последниов месец, скандал ја тресе Србија. Познатиот професор по глума, Мика Алексиќ е српскиот Вајнштајн.  Актерката Милена Радуловиќ (26) ја шокираше јавноста кога ја сподели својата исповед со светот и откри дека била силувана од професорот - првпат на 17 години. За некого шок, за некого и ослободување. После Милена, уште една актерка истапи кажувајќи дека била сексуално злоставувана од Алексиќ, а со слична приказна во полиција отидоа вкупно осум девојки.

Тоа што претходно беше #MeToo, сега е #NisiSama. 

Пораки на поддршка стигнуваа од сите страни на Србија и Балканот, но имаше и такви, и тоа не во мал број, кои пристапија со сомнеж и прашања - Зошто толку долго молчела, како дозволила да биде жртва неколку пати, каде биле родителите, веројатно сама си го барала... Прашуваа дури и како можела да се смее...

Во меѓувреме во балканските медиуми се појавија приказни од други девојки кои споделуваа свои искуства на сексуално злоставување. Милена покрена лавина. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by BABYG988 (@majajomaa)

 

Милена...

И жртва и (о)судена. 

И херој и страдалник.

И храбра и безобразна.

И жена за почит и жена - недолична...

...Секогаш имаме што да додадеме за туѓата болка и живот. Секогаш имаме едно зошто дури и кога тоа што го слушаме и гледаме заслужува извичник, а не прашалник. Кога остава без зборови. Занемува.

На токму на оваа тема разговарвме со Розалија Секулоска, мр психолог/сов.психотерапевт од Центар за личен и организациски развој "Трет Родитдел", а која воедно е и дел од тимот на стручни лица кои дваат онлајн поддршка на платформата Разговор.мк.

Розалија Секулоска

-Постојат повеќе видови на злоставување полово (сексуално), психичко (ментално), трудово (искористување на туѓиот труд за свои цели), физико. Сите видови на злоставување имаат негативен ефект врз жртвата онаа врз која е вршено дејството а, последиците се поголеми во зависност од времетраењето на злоставувањето како и структурата на личноста на жртвата. Имено, доколку насилството трае подолго време, поледиците по менталното здравје се поголеми. Ако на тоа се надоврзе и нежната структура на личноста (што во реалноста жртвата најчесто е таква инаку не би се фатила на јадицата да биде малтретирана и да молчи подолго време), психолошките последици можат да бидат уште поголеми.

Се прашуваме зошто жртвата молчи -Тоа е карактеристичен феномен при било кој вид насилство. Насилникот, агресорот, психолошки болната личност толку убаво, манипулативно знае да се поигрува со жртвата со цел да ја задржи во пасивна состојба за да не му "избега" и да и сервира вербални или невербални информации од најразличен вид а тоа се: Таа самата го испровоцирала со нешто,... тоа што се случува е нивна тајна,... тоа може да се должи на посебна специјална врска која никој друг ја нема,... дека ако го напушти и каже некому ќе биде самата обвинета дека таа е виновна за тоа,...никој нема да и верува... ќе биде етикетирана, осрамотена, неразбрана и целиот живот ќе го носи товарот дека е жигосана.

Како да им се одговори на оние што секогаш имаат потреба да прашаат „Зошто?“?

-Колку и да мислиме дека сме безбедно општество, ваквите патолошки структури на личност не демнеат од сите страни. Агресорот најчесто се крие зад убава функција и углед (наставник, професор, ....може да го има насекаде) а, од друга страна остава впечаток на мирна, фина личност со цел да ги тргне очите од јавноста, за да му поверува во неговите лаги. Но, едно е факт, кога тогаш тие се издаваат, особено за острото око на јавноста или преку прозборување на жртвата. Тие се толку манипулативни што знаат да ја "намирисаат" потенцијалната жртва а, потоа со механизми на играње со чувства (грижа на совест, каење, закани, песвољубов, игнорирање, ставање на пиедестал,...), сè до степен да ја надвладеат за да навлезат во нејзиниот ум и потоа да се играат како ќе посакаат. Едноставно кажано, личност која врши било какво насилство е психолошки болна личност. Таа речиси никогаш не бара стручна помош, бидејќи не се доживува дека ѝ е потребна. За жал и жртвите околу неа ретко бараат помош, бидејќи живеат во срам и страв а, ако побараат помош или се доверат некому тоа го прават тогаш кога веќе не можат да издржат. Жално, но вистинито!

На што сè укажува ваков скандал? Каква слика праќа?

Како општество секогаш можеме повеќе да направиме за сите ранливи категории ако сакаме и ако тоа ни е приоритет. Не кога ќе биде доцна, туку од старт да се постават силни, цврсти законски регулативи со кои секој вид на насилство ќе биде правно казнет и ќе има сериозни правни последици за сторителот. Доколку системот е лабав, низ него ќе ни се провлекуваат секакви злосторства, а потоа ќе имаме болна нација. Значи, наместо да се лечи (секундарна превенција), јас би започнала со тоа да се спречи (примарна превенција).

Ако некој прогонител не се плаши од законот и последиците, нека ризикува, а тогаш жртвата да има организации, институции каде ќе биде сослушана, прифатена, заштитена и правдата ќе излезе на површина. Во спротивно, уште повеќе му праќаме порака на злосторникот дека може да продолжи со теророт, да уништи други животи и да ја "храни" својата болест!

Лошите работи не мора да се секогаш далеку, често ни се и пред нос. Ги игнорираме ли свесно или навистина не можеме да забележиме што се случува?

-Како што наведов, жртвата се плаши да зборува. Многу жртви и денес молчат за да не го загубат тоа што го имаат, бидејќи најблиските и општеството нема да ги разбере и поддржи. Да се признае дека е направено насилство особено полово (сексуално), значи да се соголиш пред јавноста, за жал да бидеш навредуван од една популација а, од друга да бидеш разбран и да ти се помогне. При насилствата, повеќето видови меѓусебно се испреплетуваат. Тоа значи дека каде што имало сексуално злоставување, имало и физичко и психолошко. Токму затоа жртвата е ставена во негативна позиција, сликата за себе, своето тело, себепочитувањето, способностите, емоциите, се искривени. Таа живее во "психолошки затвор" на болен човек, кој нема емпатија (чувства) и со неа и со системот си поигрува како марионетка!Да признаеш дека си бил жртва, прво значи да признаеш дека не си виновен дека си иницијатор за тоа што ти се случува, а тоа е прв чекор кон гласно говорење ми треба помош! На почеток ќе се почувствува олеснување од товарот, а потоа паралелно психодинамски ќе се менуваат чувствата од минатото. Тоа е борба со минатотото за да се овозможи репарација, за да може да се продолжи кон иднината. За разлика од нив, постојат жртви кои молчат цел живот а, некои кои го одземаат животот за да ја прекинат психолошката болка.

Каков психолошки товар или олеснување претставува одлуката да се признае и зборува за вакво болно искуство

-Токму затоа, секој кој бил жртва, треба да истапи и да побара помош!!! Најчесто жртви се жени но, има и мажи и деца. Системот да биде лупа која ќе работи совесно и законски. Жртвата веднаш да ги прекине контактите со агресорот. Тоа е многу тешко, бидејќи тие се вични со прекрасни манипулации за да не ја загубат жртвата. Јас би прашала зошто жртвите молчат но, не само од аспектот на срамот? Тука се крие и недовербата во општествениот систем. Дали тој ќе ја заштити, дали правдата ќе излезе на површина, дали другите луѓе ќе се потсмеваат зад грб па дури и ќе ја обвинуваат! Едно знам, човек не влегува во контакт, другарски, партнерски,...за да биде уништен!

Зборувам како жена, магистер по развојна психологија, сов.психотерапевт и граѓанин, и гласно кажувам дека ова се монтруозни чинови!!! Се руши со конвенцијата на детските и човековите права.

Шамар не е само шамар!

Навредлив збор, не е само навреда!

НЕ е комплетна реченица. Не, значи не сакам, не одобрувам, не прифаќам.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Natasa Pesut (@nartpe)

Каков совет би им дале на оние кои за жал биле жртви, но сè уште не се осмелуваат да прозборат?

-Сталин во Русија воведува казна за злосторниците а, со тоа ја заштитува жената која најчесто е злоставуваната страна! Ете ја примарната превенција! Можеби и ние треба во тој поглед да се прашаме, какво општество, со какви морални вредности сакаме да бидеме. Во кој свет сакаме нашите и нивните деца да растат? Во свет ако погледнат поинаку или се насмеат да бидат обвинети дека дале сигнал да бидат злоставувани?

Би им препорачала на сите алки во системот да бидат објективни, професионални со одредена доза на емпатија за да се детектира вистината.

Би ги посоветувала жртвите да не се плашат и да побараат помош! За тоа е потребна храброст и желба за поинаков живот.

Би ги посоветувала најблиските членови од опкружувањето на жртвата да не се хранат со туѓата болка. Да бидат од помош или воопшто да не бидат ако не знаат поинаку!

Би ги посоветувала сите наши граѓани да се воздржат од давање секакви мисли "што на ум тоа на друм", бидејќи овие теми се чувствителни!

 

Објавено:
25 јануари 2021
Категорија: 
Стории
Прочитано:
695 пати