Независните дизајнери со концизни предлози за обновување на модата: Да се откажеме од зависноста од распродажби!

21 мај 2020

Независни светски модни брендови меѓу кои и Изабел Марант, Оскар де ла Рента, Ердем, Проенза Скулер, се организираа под заедничка иницијатива #rewiringfashion, поддржана од магазинот Business of fashion, со цел да посочат на концизни решенија за промена, а воедно и подобрување на состојбата во модната индустрија.

Заедно осмислија стратегија како да се ревидира начинот на кој модната индустрија може и треба да работи, а своите предлози јавно ги објавија и на официјалната страна на проектот. Во овие предизвикувачки времиња за убавината, фантазирањето, креативноста, рачната изработка кои се во сржта на модниот дизајн, се соочуваме со систем кој се помалку им посветува внимание, а на крајот тоа е на штета на сите: на дизајнерите, продавачите, потрошувачите, а особено на еко-системот и околината. Затоа, оваа иницијатива порачува дека е време за забавување, за посмирен пристап и за повторно откривање на магијата на модата.

Како три проблеми со кои се соочуваат во пракса, во оваа стратегија ги наведуваат: модниот календар кој не е во согласност со потребите на потрошувачот, форматот на модните ревии кој е веќе застарен и зависноста од распродажби. Според иницијаторите на #rewiringfashion, овие промени биле неопходни и пред пандемијата, но сега со појавата на кризата уште повеќе се засилила потребата за трансформација.


Рестартирање на модниот календар

Според актуелната политика, модните ревии се одржуваат многу порано пред колекциите да пристигнат во продажба. Поради тоа се несинхронизирани, што создава временско разидување. Во меѓувреме, нелојалната конкуренција успева да го копира дизајнот и да го продава на пазарот по многу пониски цени што одговараат на брзата мода, која пак доаѓа со сите штетни влијанија, особено врз еко-системот. Тоа нанесува голем штети и на модните брендови и дизајнери. Затоа, оваа иницијатива предлага машките женските ревии да се одржуваат во еден термин и веднаш да бидат достапни во директна продажба за актуелната сезона за која се наменети.

Нови верзии на модните ревии

Обликот на претставување на новите колекции не се променил повеќе од 50 години. Во почетокот во првите редови седеле новинарите, купувачите и инсајдерите, а сега на нивно место седат познати личности и инфуенсери кои целото шоу го документираат со своите паметни телефони и директно го пренесуваат онлајн. Па оттука дизајнерите предложуваат идеја, претставувањето на колекциите да се дефинира преку евенти за купците, а во онлај заедницата да се развива свеест за значењето на колекцијата, за трудот што е потребно да биде вложен за да се креира и да се создаде и поттикне потреба да се купат тие парчиња што веднаш ќе бидат достапни во продажба. Исто така, дизајнерите бараат да бидат ослободени од „правила", односно секој да си ги претставува колекциите во формат што дизајнерот ќе го преферира и да не биде обврзан тоа да го прави секоја сезона, ако не сака.

Да се откажеме од зависноста од распродажба

Честите распродажби, днамичните сезонски намалувања би требало да останат во минатото, според оваа стратегија. Да се зголеми времетраењето на актуелноста на колекциите со што подолг период би се задржала нивната почетна цена, а термините за распродажба да доаѓаат на крајот од актуелните сезони, осносно што подоцна. Со тоа новите колекции подолго ќе траат со првите цени, што ќе резултира со поголема профитабилност и враќање на инвестицијата.

 Фото: Freepik

Извор: BOF, Buro247.hr

Објавено:
21 мај 2020
Категорија: 
Стории
Прочитано:
131 пати