Приказни од градот

Nickarth: Живееме во доба кога од ништо може да создадеме нешто

27 септември 2019

Младиот музичар, артист, продуцент и дј Nickarth периодов македонската публика го препознава по хит нумерата која е на врвот на македонските топ листи, „I Only Care If You Too". Тој во музичка смисла е олицетворение на модерната, светска музичка сцена и музиката што ја слуша неговата генерација. Сака да твори уметност која ќе биде препознаена во глобални рамки и амбициозно работи на својот сон. Затоа сметавме дека неговата приказна заслужува да го добие вашето внимание.

Nickarth кој беше твојот прв контакт со музиката?

-Здраво .... „First of all“, ви благодарам што сум дел од вашата рубрика. „The pleasure is all mine“.
Всушност на 12 години започнав со активно изучување на инструментот – гитара, но желбата за пеење започна непосредно пред мојот настап на Јуниорска Евровизија 2011. Од тогаш па наваму целиот пат ми се базира на музика.

Раскажи ни како се развиваше твоето созревање во музичка смисла.

-После 2011-та година сфатив некои работи за себе. In order to grow more, морав целосно да се посветам на музичкиот свет, па така се запишав во средното музичко училиште во Штип. Запознав многу пријатели, професори, академци и едноставно апсорбирав знаења. Целев кон успешна кариера како класична гитара – изведувач и супер ми одеше, но пред самиот крај на студиите во Штип, целиот мој видик се смени. Визијата која ја имав тогаш за себе е многу поразлична од онаа денес.

Активен си во повеќе сфери на музиката - и како изведувач и продуцент и дј... Каде се чувствуваш најмногу свој?

-Како артист.

Продуцент сум бидејќи живеам во период наречен „golden age".
„Golden age" бидејќи сметам дека сите сме еднакви и сме во можност да твориме и да создадеме нешто од ништо. Можноста да твориш своја музика и притоа истата да биде слушана од огромна публика надвор од твоето живеалиште е „mindblowing" .

Сите целиме кон тоа, некои за профит, некои за популарност.

Ситуацијата е различна кај мене.

„I got nothing to prove".

Имаше можност да живееш во Англија. Какво искуство носиш од центарот на музичките случувања?

-Моментално сум во Македонија но, да живеев две интересни години во UK. Научив лекции за животот, и јас во него.

При разговор со многу артисти, продуценти и луѓе од музичкиот бизнис сфатив дека патот е долг и многумина го одат но, сето тоа е со причина. Целта е да се пронајдеш себеси, останатото вклучува идеја, работа, продукција, дистрибуција, пред промоција, прес, промоција, промоција...

Музиката е ваш семеен „бизнис"? Кажи ни повеќе околу тоа како ви се поделени улогите?
- Може да се каже, да.

Всушност татко ми (a.k.a Billy Esteban) и сестра ми (Mоника Илиева) се основачи на светска продукциска куќа насловена како Cafe De Anatolia.

Cafe De Anatolia постои од 2017та година а јас се вклучив од неодамна. Во основа улогите се наизменични и зависат од самиот производ којшто го добиваме од артистот.

Жанрот мора да биде запазен за обете страни да бидат задоволни. Артистите ги гледаме како пријатели и не сакаме истите да чувствуваат било каков притисок наспроти тоа нашата цел е тие самите да се препуштат на својот креативен свет и да создаваат своја музика.

Главниот фокус е резултатот од самиот продукт после процесот на дистрибуција.

Интензивно го надоградуваш твоето професионално портфолио, а актуелен си со хитот што е на врвот на македонските топ листи „I Only Care If You Too". Како би ја дефинирал својата музика?

Неодамна сфатив дека музиката која што ја творам всушност е олицетворение на емоциите и музиката која што ја восприемам во самиот тој момент. Не можам да тврдам дека се уште го знам својот жанр во кој творам, но заклучокот е дека има примеси од Indie – Pop, Alternative, Electronic, Synth – Pop , Contemporary R&B.

„I Only Care If You Too" - е една од моите по драги песни што ги имам напишано досега. При враќање од Дојран Фест го анализирав својот живот пред и во истиот тој момент во кој бев присутен. Многу нешта ми недостасуваа и се прашав зошто е така?

Сфатив дека: „It is what it is and nothing matters in the end“.
Универзумот си го прави своето, а јас диктирав со своите мисли. Стоицист сум и се препуштив на моментот „without second thoughts".

Резултатот е повеќе од очекуваното.

Заклучок : „Real emotion never fails to conquer".

Какви се твоите амбиции? Со оглед на сите бенефции од технологијата и новите медиуми, повеќе не постојат бариери во остварувањето на глобален успех. Па ако се има тоа во предвид, целиш ли кон светска кариера?

-Јас творам на англиски така да е повеќе од очигледно дека мојата визија не е само Македонија. Фокусот ми е да создадам комерцијална музика за големата маса, но притоа да не се изгубам во неа. Еве веќе четири години се подготвувам и конечно мислам дека сум спремен да дејствувам. Визуализирам само успех.

Oвде би го напоменал и Аodion Records како мал дел од мојот пат со којшто веќе дистрибутирам своја музика, глобално. Идеја која што моментално работи само со Remayn (артист од UK) и Nickarth, но во иднина би можело да биде почеток за многу надежни артисти.

Покрај музиката, кој е Nickarth приватно, кои се твоите лични афинитети, интереси, амбиции?

-Имам 23 години и повеќето од своето време го поминувам во своето студио. Сакам ноќ повеќе од ден. Обожавам пливање, сонце и кратки патувања.

Во случајот мода, експериментирам само пред огледало. Сакам да носам облека што е препознатлива за и по мене. Обожавам да носам прстени и да експериментирам со фризура. Боја која што преовладува е црна, сива и бела. Во повеќето прилики се трудам да носам брендирана облека со цел да го ширам својот бренд (Cafe De Anatolia & Aodion Records).

Перфекционист сум и се трудам повеќето од работите да си ги извршам сам.
Уфф, амбиции, најверојатно да сум среќен и да сум во постојан креативен развој на поле музика.

 

(Со цел да се задржи автентичноста на одговорите, во лекторирањето на текстот оставени се фрази на англиски јазик)

 

Објавено:
27 септември 2019
Категорија: 
Стории
Прочитано:
400 пати