Познатата пејачка Никол Шерцингер за неколку дена ќе го прослави 41. роденден, а неодамна во бикини се пофали со совршеното тело.
Сепак, не секогаш се чувствувала убаво во своето тело.
View this post on Instagram
„Уште една година околу Сонцето се наближува и јас ги споделувам овие фотографии со благодарност, милост и славење на облините. Целиот живот се борев со килограмите и со тоа како изгледам. Тоа сè уште го правам, но сфатив дека треба да не бидам толку строга кон себе.
Животот е прекраток. Трошиме премногу време на сопствените недостатоци, наместо да се воздигнуваме. Сфатив дека сум доволно возрасна да не треба да бидам толку строга кон себеси. Морам да се прифатам себеси и телото во сите фази и сезони. Оваа сезона благодарна сум на телото за кое толку вежбав во теретана. Сега се наградувам со огромни количества тестенини во едно од моите омилени места -во Италија“, сподели пејачката на Инстаграм профилот.
View this post on Instagram
Со булимијата се борела од 14 години, а особено било изразено за време на најголемата популарност со „Пусикет долс“ од 2004 до 2010.
„Никогаш не размислував дека ќе позборувам, дека воопшто ќе посакам да позборувам за булимијата. Го криев од семејството и пријателите, зошто би го зборувала пред јавноста. Можеби денес не е, но во тоа време да се зборува за булимијата беше срамота. Ми беше срам. Секоја минута кога ќе бев сама, ја трошев да си наштетам себе си. Повраќав, се сечев, самоповредував. Тоа е мрачно место и мора да се работи да стане обратно. Се мразев себеси, ми се гадеше од самата себе. Ми беше срам, се чувствував осамено и покрај тоа што бев во група“, откри пејачката во едно интервју за „Космополитен“.
View this post on Instagram
Последиците биле видливи.
„Почнав да го губам гласот, не можев да пејам, се сеќавам дека менаџерот ме најде онесвестена на подот во Малта или во јужна Франција. Си помислив, ќе изгубам се што сакам, ако не почнам да се сакам себеси. Еден ден, кога ќе се почувствуваш како да си го достигнал дното, само ќе речеш: „Ова нема да го правам повеќе“. Тажно е да се види како си го потрошив животот. Имав одличен живот таму надвор, „Долс“ беа на врвот на светот, но внатрешно јас се чувствував мизерно. Нема да дозволам тоа повторно да се случи“, вели Никол.
Споделувајќи го ова искуство сака да им порача на сите што имаат сличен проблем е дека е решлив и дека навистина можете да го оставите зад себе иако досега делувал како дрога врз вас.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram