Обожавателка на Селена Гомез си ги копира изгледите на пејачката

12 април 2021

Креативна обожавателка ги реплицира изгледите на Селена Гомез. Фустани од турнеи, комплети од спотови, светкави тоалети од црвени килими - Викторија е млада обожавателка на Селена Гомез која самата ги шие за себе највпечатливите изгледи на пејачката. 

На Инстаграм е позната под името @mytexasqueen, а приватно Викторија е дел од заедницата обожаватели на младата пејачка. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Victoria (@mytexasqueen)

Љубовта на Викторија кон Селена, таа вели дека постои од 2011 година и дека не ја доживува како ѕвезда, туку како поголема сестра. Преку нејзината музика расте, учи и се надополнува себеси, а во светот на фанови на Селена Гомез, запознала голем број пријатели со кои се дружи.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Victoria (@mytexasqueen)

Интересот за шиење кај Викторија се јавил уште кога имала 13 години, на час во училиште, по предмет кој учи на вакви вештини. 

Иако на почетокот шиењето и' било тешко, никогаш не се откажала од тој предизвик, а на 15 години ја добила својата прва машина за шиење. Нејзиниот прв обид за реплицирање облека од Селена Гомез бил комбинезон кој пејачката го носела на Revival турнејата и оттогаш не престанала. Најголемата потешкотија е пронаоѓањето на вистинскиот принт на материјалот, па во последно време, Викторија вели дека ги црта принтовите. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Victoria (@mytexasqueen)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Victoria (@mytexasqueen)

Викторија денес своите реплики ги споделува на социјалните мрежи, а нејзиниот профил на Инстаграм брои повеќе од 11.500 следбеници. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Victoria (@mytexasqueen)

 Селена штотуку го промовираше својот прв албум целосно на шпански јазик, кој го носи името Revelacion, а Викторија се надева дека и понатаму ќе може да го следи нејзиниот добар пример и се надева дека Селена ќе продолжи да го привлекува вниманието кон важноста на менталното здравје. 

Објавено:
12 април 2021
Категорија: 
Стории
Прочитано:
602 пати