Од градскиот асфалт во дивите џунгли: Дизајнерите полудеа по етно мотивите!

17 јули 2014

Ова лето, големиот дел од дизајнерите избегаа од жешкиот асфалт во потрага по малку див живот. Африкански принтови, етно детали, многу реси, овошни и зеленчукови дезени и што уште не. Покрај кај облеката, „диви“ моменти можевме да видиме и кај шминката и фризурата, со тоа што многу често кај моделите наместо шминка, имаше нацртано интересни африкански мотиви по лицата, а косите секогаш беа во уникатен див занес.

Креативниот јапонски дизајнер Јунја Ватанабе е еден од многуте дизајнери кои направија одлична колекција со вакви мотиви. Во неговата колекција можевме да видиме и многу пердуви и диви фризури кај моделите, а тој самиот ќе каже дека инспирацијата му доаѓа од Северна Америка и Индијанците.

Junya Watanabe Junya Watanabe

Тој на пистата прикажа тотално диви и уникатни искинати маички и етно фустани со реси, додека фризурите кај моделите имаа навистина симпатични плетенки што неодоливо потсетуваа на индијанските племиња.

Американската модна дизајнерка Ана Суи во својата „дива“ колекција прикажа многу плетеници во различни и племенити бои и накит создаден како од инспиративните жители од старата мексиканска култура.

Anna Sui, Alexander McQueen Anna Sui, Alexander McQueen

Моменти пресликани од најубавите букети низ џунглата можевме да видиме и во колекцијата на Алберта Ферети инспирирана од уникатната Фрида Кало. Дизајнерката прикажа многу цветни принтови, комбинација од најубавите бои на земјата и уникатност како никогаш досега.

Креативниот Александар Меквин пак, својата колекција ја базираше врз основа на лудиот живот на племето Масаи за кој ќе каже дека отсекогаш го фасцинирал. На пистата, Сара Бартон за неговиот бренд, на посебен и специфичен начин го прикажа Масаи воинот. Моделите изгледаа тотално диво во здолништата со пердуви во одлични бои, потоа во рачно извезените наметки, но и во интересните панталони и фустани во неколку бои. Накитот како што и се очекуваше, беше неверојатно силен и моќен, со што уште еднаш се докажа зошто Масаи племето се сметале и сѐ уште се сметаат за едни од најсилните племиња.

Сакајќи да истражи сосема нов и поинаков свет, феноменалниот Рикардо Тиши создаде колекција создадена од многу кожа, земјени бои, сандали на воин, традиционални јапонски кимона претставени во сосема диви и уникатни креации, но и урбана верзија на некогашната племенска шминка.

Riccardo Tisci Riccardo Tisci

Нешто слично, барем кога станува збор за боите, создадоа и сестрите Олсен за The Row, кои не одведоа на уникатно патување низ Мороко со одличните креации направени од специфични и шармантнани индиски материјали.

the row the row

Но, доколку мислевте дека креациите инспирирани од етно мотивите низ светот и скриените убавини на дивите џунгли се нешто измислено од денешните дизајнери, се лажете! Прв овој тренд го промовираше големиот Ив Сен Лоран уште во 1967 година со неговата колекција инспирирана од Африка со што и ги постави темелите на денешните креации со етно – диви елементи по кои дефинитивно полудеа светските трендсетерки сезонава.

Ние ги обожаваме, како ви се допаѓаат на вас?

diane von furstenberg diane von furstenberg

donna karan donna karan

 

givenchy givenchy

valentino, missoni valentino, missoni

 

Објавено:
17 јули 2014
Категорија: 
Стории