Оскар де ла Рента: Човекот што усреќи многу жени

21 октомври 2014

Модниот свет се збогуваше со кралот на вечерните тоалети, Оскар де ла Рента. Печејќи го занаетот со Баленсијага, Диор и Балман, надоградувајќи го талентот, несомнено го заслужи тој епитет. Во текот на неговиот живот долг 82-години успеа да создаде големо модно царство и да ги освои речиси сите жени ширум светот.

Де ла Рента е роден во Санто Доминго, Доминиканската Република, на 22.јули 1932 година. Тој е најмладото од седумте деца во семејството и единствено момче. Дизајнерот во неколку наврати се шегува дека, токму поради тој факт, често добивал од семејството, се' што ќе посака. Средното училиште го завршува во родниот град и иако неговиот татко преферирал синот да му се придружи во бизносот со осигурување, младиот Оскар ја убеди мајка му да го прати во Мадрид да студира уметност. И така и се случува.

Венчалниот фустан на Амал Клуни е токму со потпис на дизајнерот Венчалниот фустан на Амал Клуни е токму со потпис на дизајнерот

Оскар оди во Мадрид на Академијата за ликовни уметности, каде дополнително заработува цртајќи илустрации за весници. Токму една од тие илустации му е влезница за во модната индустрија. Сопругата на американскиот амбасадор во Шпанија, Франчеса се воодушеви од неговите илустрации, па истата есен на насловната страна на магазинот Life ја краси нејзината ќерка Беатрис во дизајн на Оскар.

Набрзо после тоа, Де ла Рента почнува да работи со најголемиот couture дизајнер во тоа време, господинот Баленсијага. Работата на Оскар се состои во скицирање на фустаните за клиенти, а Кристофер му понуди и работа во Париз. После година дена искуство, Оскар се сели во Париз, но во друга модна куќа - Диор. Таму останува неколку месеци, по што станува асистент на Антонио дел Кастиљо, тогашен дизајнер во Ланван.

-Ми понуди повеќе пари од Диор и ме праша дали можам да почнам за две недели. Потоа отидов во модно училиште и ја прашав професорката дали може да ми го пренесе знаењето од едногодишен курс во две недели - изјави Оскар во една пригода.

Нивната соработка трае две години, а потоа Оскар заминува во САД, каде започнува и неговата самостојна кариера.На негова среќа, се спријатели со Првите дами, госпоѓите Реган и Клинтон, кои често знаеја да истакнат дека тој ги направил модни икони.

Хилари Клинтон во креација на омилениот дизајнер Хилари Клинтон во креација на омилениот дизајнер

Во 1989 година тајно се ожени со Ен Франс Енгелхард, во текот на божиќните празници, а потоа следеше и доаѓањето на нивниот син Мојсеј. Четири години подоцна, Оскар ја креира својата прва couture колекција за Балман, претставена во Париз.

Во текот на својата каерира добива мноштво модни награди и признанија, а често го нарекуваа и „трачар“ кој ги обожува сите новости од модниот и јавниот свет, а доби свое местои во серијата „Озборувачка“, секако како дизајнер. Тој е еден меѓу првите што му дадоа шанса на Џон Галијано после неговиот „испад“.

Сепак, во една пригода вели: „Без паника нема задоволство. Ако сте сосема сигурни во она што го правите, веројатно не би требало да го правите“.

Во продолжение се потесетуваме на некои од највпечатливите фустани дизајнирани од модната легенда.

Објавено:
21 октомври 2014
Категорија: 
Стории