Сезоната на награди е една од највозбудливите за љубителите на модата. Во пресрет на најновото издание на Оскарите, наидовме на интересни податоци за тоа како изгледаат подготовките.
Имено, некои од најпознатите стилисти откриваат што се случува пред да започне гламурот на црвениот килим.
Како вели Емили Санчез, стилистка која на својата листа ѕвезди со кои соработувала за Оскарите и други настани ги има Рене Зелвегер, Глен Клос и Наоми Ватс, вели дека изгледот на црвениот килим многу зависи од тоа за која ѕвезда се работи и каков однос има со дизајнерот чија креација ја носи.
Кејт Бланшет во 2014 во креација на Армани, чие заштитно лице е
„Кога некоја ѕвезда и дизајнер се познаваат и имаат одреден однос, логично е тој да биде првиот избор за некој голем настан. Тоа има сентиментална вредност, но воедно е почит кон односот што го имаат“, објаснува Санчез, додавајќи дека стилистите најчесто ги контактираат дизајнерите недели пред објавување на номинациите.
Сепак, темата на номинациите може да ги закомплицира работите понатаму. Многу од брендовите не ја соопштуваат одлуката која актерка или актер ќе го облечат додека не се објават номинациите, без оглед на тоа се натпреваруваат за награда.
„Со номинациите не е секогаш јасно кој ќе присуствува на Оскарите, а кој не. Презентерите често се откриваат недела дена пред шоуто, па тоа е дополнителен проблем, но брендовите се мошне мотивирани да ги облечат номинираните и презентерите, затоа што медиумската застапеност ќе е поголема“, вели Санчез.
Но, покрај тоа, а пред сè, облекувањето за Оскарите е бизнис зделка. Санчез не сака да ги открива финансиските зделки, но постојат податоци од претходно кои откриваат отприлика за какви суми се работи.
На пример, во 2017 година, Мерил Стрип одбила да носи креација на „Шанел“ која би била изработена специјално за неа. Причината лежи во тоа што модната куќа одбила да ѝ плати на актерката за да ја носи нивната креација. Во тоа време, Карл Лагерфелд изјави: „Направив скица и почнавме да го работиме фустанот, но потоа добив порака: „Не продолжувајте со фустанот. Најдовме некој што ќе ни плати“.
Мерил Стрип во 2017 година носеше креација на Ели Сааб
Оваа информација буди изненадување, бидејќи многумина мислат дека фустаните се компензација или пак дека дури ѕвездите се тие што плаќаат за да бидат облечени. Но, и стилистката Џесика Пастер чии клиенти се и Кејт Бланшет, Миранда Кер, Сандра Булок, потврдува дека дизајнерите им плаќаат на ѕвездите да носат фустан со нивен потпис и дека тоа се смета за норма.
„Тоа е распространето ширум светот. Брендовите за накит плаќаат, брендовите за чевли плаќаат, сите плаќаат. Но, ако фустанот изгледа лошо на клиентот, 250.000 долари што би ги добиле или помалку тогаш воопшто не вредат. Но, ако изгледа добро на ѕзведата и тој е фустанот што ќе го одбереме, зошто да не бидеме платени?“, вели Пастер.
Од 250.000 долари, 30 до 50 илјади одат за стилистот.
Шарлиз Терон во 2006 година била исплатена 200.000 долари од „Шопард“ за да носи накит од куќата на „Оскарите“, а претходно 50.000 долари добила од „Картие“ за накитот што го носела на „Златните глобуси“.
Шарлиз Терон во креација на Галијано, Оскари, 2006
Но, не е баш за сите така. Додека за некои финансиската добивка е важна, за другите можноста и понудата да носат дизајнерски фустан или можноста да го однесат дома, е сосема доволна да ги убедат за соработка.
Во 2014 година, Лупита Нјонго го носеше синиот фустан од „Прада“, кој остана во нејзиниот гардеробер. Глен Клос во својата колекција го има светкавиот фустан од „Каролина Еррера“ кој го носеше во 2019 година.
Лупита Нјонго
Сепак, Санчез вели дека задржувањето на фустаните за себе, не е честа пракса, дури и за актерите кои вечерта освоиле Оскар.
„Најголема чест е фустан изработен само за тој настан и освен во случај кога е правен по мерка на ѕвездата, во сите други постои договор фустанот да биде вратен по одржувањето на настанот. Јас се појавувам следното утро или следниот ден после настанот и ги враќам накитот, модните додатоци и фустанот. Ја создаваме модната магија за време на шоуто, но исто така брзо мора да биде сè вратено назад, уште следниот ден“, откива стилистката.
Микаела Ерлангер, која работела и со Нјонго и со Стрип, се согласува со двете колешки, додвајќи дека кога се подароците во прашање, секој бренд е различен.
„Некои од брендовите сакаат да ги задржат креациите за нивната архива. Брендовите ја даваат одлуката за тоа и клиентот е среќен. Но, јас би рекла дека е 50-50. Ако некој освои Оскар во ваш фустан, брендовите (генерално зборувам) се порасположени да го подарат, затоа што има посебна сентиментална вредност за таа личност“.
Гвинет Платроу во креација на Том Форд, Оскари 2012
Елизабет Салцман која ги стилизира Гвинет Палтроу, Срша Ронан, Ума Турман, вели дека процесот на одбирање фустан започнува во октомври. Стилистите бараат предлози од дизајнерите или започнуваат со консултација за парче по нарачка. Околу 60 фустани можат да бидат во избор за една ѕвезда и тоа за еден настан, а работата на стилистот е да соработува со модните куќи и да се погрижат да не се случи повторување на изгледот.
„Многу од дизајнерите со задоволство би облекле некого за Оскарите, или само за БАФТА наградите. Понекогаш, ѕвездите имаат изграден однос со дизајнерите, како што има Гвинет со Том Форд и носат нивна креација поради пријателството“.
„Прада" беше изборот на Ен Хатавеј во 2013 година и освои Оскар за најдобра актерка, но овој избор изненади многумина, бидејќи актерката е добра пријателка со Валентино.
Ен Хатавеј во „Прада“
Од друга страна, оние што имаат склучено договори, тоа им е обврска. На пример, Џенифер Лоренс има склучено договор со „Диор“ вреден преку 15 милиони долари за три години или Ема Стоун со „Луј Витон“ двогодишен договор вреден 10 милиони долари и тогаш се обврзани да носат токму нивни креации.
На самиот ден на настанот, повеќето ѕвезди се подготвуваат во хотелите во близина на Долби Театарот. Фустаните се или доставени до канцелариите на стилистите неколку дена однапред или се доставуваат истиот ден, а стилистот мора да биде сигурен дека сите парчиња се таму. Во одредени случаи, накитот се доставува преку обезбедувањето.
Процесоот на дотерување трае од три до 12 часа. Хотелските соби се преполни со луѓе, бидејќи освен ѕвездата и стилистот таму се и менаџери, агенти, фризери, шминкери, асистенти, луѓе за нокти, за финеси.
Џенифер Лоренс во „Диор“, Оскари 2013
За стилистите не е воопшто лесно ако имаат по неколку клеинти, па во исто време треба да ги проверат сите. Олеснителна околност е што сите на црвениот килим се појавуваат во различно време, па не се поклопуваат.
И без оглед колку долго се подготвувате, секогаш може нешто да тргне наопаку. Линси Флорес, стилистка на Хали Бери, вели дека без игла и конец не се оди никаде.
„Нешто што секогаш го практикувам е прскањето на облеката со спреј против електрицитет, бидејќи дури и најлесните креации можат да се залепат во автомобил и да изгледаат лошо“.
Салцман пак открива дека речиси секогаш користи мидери, бидејќи тие помагаат креацијата да стои мазно. Често, долната облека, па и мидерите се зашиени директно на креацијата, за да не се појавуваат линии, а се рашиваат пред да бидат вратени фустаните.