Пет моќни дами кои се успешни и во 50-тата година од животот

7 ноември 2013

 

Жените кои веќе се влезени во петтата деценија од животот се чувствуваат како повторно да ги живеат 30-тите. Според  мислењата на голем дел жени, денес тоа е така бидејќи успешната кариера генерално се достигнува во подоцнежните години од животот, но тоа не треба да е пречка за уживање. За да го поткрепиме претходно кажаното, изготвивме листа на пет успешни жени, чиј успех треба да биде поттик за повеќе труд и верба во втората половина од животот.

Кралицата на шминката Боби Браун

Боби Браун (56) е позната make up артистка која својата колекција кармини ја креираше во 1991 година и ги лансираше на пазарот преку фирмата Bergdorf Goodmans. Првично била одбиена, но на крајот продала преку 100 кармини во само еден ден. Сега, нејзните производи се достапни во преку 60 земји од светот.

 

Таа е првата жена која почна да се заложува за тоа дека шминката служи да ја доразубави жената и дека таа треба да ни служи нам, а не ние неа. Нејзината декоративна козметика служи е и наменета токму за таа цел. Дури и британската принцеза Кејт Мидлтон за својата кралска свадба ги користела производите на Боби Браун.

Од модел до богаташка

Кети Арленд

Кети Арленд има 50 години и во 1989 година ја красеше насловната страница на списанието Sports Ilustraded, кое воедно важи за најпродавано издание на ова списание и до денес тој рекорд не е надминат. Меѓутоа, таа започнува свој бизнис со лансирање на сопствена линија на чорапи насловена Gold Toe Socks. Подоцна ја шири својата идеја кон креирање на разни модели на модни додатоци, облека и домашни украси. Според проценките, нејзниот бренд денес вреди преку 350 милиони долари, што ја прави најбогат супермодел во светот.

Принцеза и модна икона

Диана Фон Фурстенберг

Диана Фон Фурстенберг има 66 години и таа е модна дизајнерка која својата кариера ја започнала со цел да стане финансиски независна и покрај фактот што се омажила за германски принц.

Својата популарност и слава ја доживува во седумдесеттите години од дваесеттиот век, а нејзините колекции и работа се мошне посакувани и ценети и денес. Таа е исто така, активен член на многу организации и асоцијации кои се борат за заштита на манекенките од анорексија и булимија. Нејзиното име и бренд важат за едни од најценетите во светот на модната индустрија.

Најмоќната жена во светот

Опра Винфри

Водителката Опра Винфри во својата 59 година од животот се уште се носи со епитетот најмоќна жена во светот. Таа е воедно и првата и единствена Афро-американка која е милијардерка. Опра не е само водителка, таа е и актерка која беше номинирана за најпрестижната филмска награда Оскар, основач на познатата академија за стручно усовршување на жени, потоа голем хуманитарец и донатор на голем број центри за млади и социјални установи, а има и свој фонд за стипендирање на ученици и студенти, кој резултираше со отворање на преку 50 училишта во светот.

Иноваторка

Максин Кларк

Максин Кларк која има 64 години, во 1997 година одлучила парите кои ги уплаќа за пензија да ги вложи во основање на проект насловен Build-A-Bear. Проектот им овозможил на децата и нивните родители да почнат сами да го креираат изгледот на својата плишана играчка, наместо да бираат од изборот кој го имаат во продавниците. Идејата и се исплатила, па така, таа сега поседува 400 продавници за плишени играчки ширум светот, кои со својот дизајн потсетуваат на забавните паркови. Максин е исто така голем филантроп и парично им помага на децата кои одат на училиште, а исто така е и активен член во борбата за заштита на животните.

 

Објавено:
7 ноември 2013
Категорија: 
Стории