Во модниот свет постојано е активно прашањето на различностите. Plus-size моделите и модата се ставени најчесто на маргините, што почнува сè поинтензивно да се менува.
Оваа година имаше мноштво кампањи и едиторијали, кои имаа за цел да ги поместат границите и стандардите на убавината. Во продолжение ви претставуваме дел од овие моменти кои ќе влезат и во модната историја:
Џорџина Берк за Torrid
Австралијанката Џорџина Берк, 23, е првата plus-size моделката што некогаш се појавила на насловната страна на овој магазин, а тоа го стори оваа година во рамки на каталогот за костими за капење, а ја имаше и во онлајн рекламите и продавниците.
Брендот Evans на модната недела Лондон претстави Plus-size колекција
Evans е најголемиот синџир на продавници за plus-size облека во Лондон, па беше некако очекувано да конечно претстави и колекција, во која повеќе дизајнери придонесоа со свои креации како Жил Декон, Лулу Лиу, Клементс Рибеиро и други.
Мајла Далбезио за Келвин Клајн
Келвин Клајн дизајнираше plus-size долна облека, со што влезе во модната историја. Но, тоа што ги помести границите во рамките на својот бренд, не е единствената причина. Ангажирајќи ја моделката Далбезио, Келвин Клајн предизвика голема контроверзија. Таа не е типичен plus-size модел, но не е ниту стандарден. Моделката изјави дека многу е тешко да се најде место во модната индустрија за девојките како неа, како и тоа дека од брендот никогаш не ја окарактеризирале како plus-size модел.
Николет Масон за ModCloth
Блогерката Николет Масон ја дизајнираше нејзината прва колекција за ретро-необичниот бренд ModCloth за оваа година, а позираше и со основачот Сузан Грег Когер, за потребите на кампањата на колекцијата.
Календар за сите plus-size големини на костими за капње
Моделката Робин Лавлеј и блогерката Габи Фреш, која го стартуваше хаштагот #fatkini лансираа колекција на костими за капење, со голем број на стилови и ја рекреира познатата фотосесија за Sports Illustrated, по повод 50 годишнината на магазинот.
Џени Ранк за H&M
Џени Ранк во 2013 позираше во костим за капење за шведскиот бренд H&M, а таа соработка продолжи со дизајнирање на кампањата Private Paradise.
Ешли Граам за Sunday Times UK и Vogue
Ешли се опишува како „амбасадор на различните тела“, што е веројатно и една од причините што е ангажирана во многу кампањи и насловни страни, меѓу кои и додатокот на стил во The Sunday Times UK и во едиторијал за Vogue за „Долна облека за сите големини“.
Хејли Хаселхоф за Yours Clothing
Ќерката на Дејвид Хаселхоф не е единственото лице на Yours Clothing оваа година, таа е исто така и амбасадор на модната недела насловена како Full Figured Fashion Week.
Робин Лавлеј за Cosmopolitan и Mango
Таа е прекрасна, а воедно и една од најпочитуваните супермодели во модниот свет со голем број обожаватели. Во март оваа година беше на насловната на австралијанското издание на Cosmopolitan, а беше и заштитно лице на новата plus-size линија Violeta на Mango.
Кендис Хафин за Vogue и Pirelli Calendar за 2015
Кендис е првата plus-size моделка која е дел од Pirelli Calendar за 2015, што е уште еден доказ дека модната индустрија прави голем прогрес по ова прашање. Хафин се покажа како одличен избор – таа е самоуверена кога позира и е мошне професионална.
Meghan Trainor - All About That Bass
Надвор од модната индустрија, еден од хитовите што ја обележа оваа година е оној на Меган Трејнор - All About That Bass, инспириран токму од различностите и трендот на слабите тела што со години беше актуелен. На забавен начин и со заразна мелодија, оваа песна има преку 330 милиони прегледи на музичкиот канал Јутјуб, а поддршка дадоа сите оние што имаат некој килограм повеќе и што се пронајдоа во приказната.