Приказна во која секој ќе се пронајде: Денеска купуваме повеќе, а уживаме помалку!

28 јануари 2019

Џорџ Карлин е американски философ и комичар, кој почина во 2008 година, но остана посебно познат по тоа што го критикуваше општеството. 

Знаеше често да зборува дека „Да се родиш на планетата Земја, значи да си купиш карта за циркус со чудаци, а да се родиш во САД значи да имате карта во првиот ред“. 

За животот, успеа да освои дури пет „Греми“ награди. 

Во медиумите се појави поема за која се верува дека Џорџ ја напишал непосредно по смртта на неговата сопруга. Приказната се однесува на парадоксот на денешното живеење, во кое секој од нас ќе се пронајде.

Сепак, постојат и информации кои велат дека текстот што ќе го прочитате во продолжение, не е на Карлин.

Како и да е, одвојте некоја минута и потсетете се на вистинските вредности:

 

„Парадокс на нашето време е што имаме поголеми згради, но покуси нерви.

Пошироки патови, но потесни видици. 

Трошиме повеќе, а имаме помалку. Купуваме повеќе, а уживаме помалку.

Имаме поголеми куќи, а помали семејства. Повеќе удобност, а помалку време.

Имаме повеќе дипломи, но помалку разум.

Повеќе знаење, а помалку расудување. 

Имаме повеќе стручњаци и сè повеќе проблеми.

Повеќе знаења во медицината, а сè помалку здравје.

Пиеме премногу, пушиме премногу, трошиме непромислено.

Се смееме премалку, возиме пребрзо, лесно се лутиме.

Премногу доцна легнуваме, стануваме уморни.

Не читаме доволно, гледаме телевизија премногу. Ретко се молиме.

Ги зголемивме нашите имоти, но ги намаливме вредностите.

Премногу зборуваме, премалку сакаме, пречесто мразиме.

Научивме како да преживуваме, но не и како да живееме.

Додаваме години на животот, но не и живот на годините.

Патувавме на Месечината, а проблем ни е да отидеме карши улица и да го запознаеме новиот сосед. Направивме големи, но не и подобри работи.

Го исчистивме воздухот, а ја загадивме душата.

Го скршивме атомот, но не и нашите предрасуди.

Пишуваме повеќе, но учиме помалку. Планираме повеќе, но постигнуваме помалку.

Научивме да брзаме, но не и да чекаме. Имаме поголема заработувачка, но и понизок морал.

Имаме повеќе храна, а сè повеќе гладни.

Создаваме посилни компјутери со поголема меморија,

но разговаравме сè помалку и помалку. Тежнееме кон квантитетот, а забораваме на квалитетот.

Ова е време на брза храна и бавно варење на храната. Големи луѓе и мали карактери.

Брза заработувачка и површни односи.

Време на денгубење, а малку уживање.

Време на разновидна храна и лоша исхрана.

Сè помалку финансиски проблеми во бракот, а сè повеќе разводи.

Сè повеќе луксузни куќи, но и поделени домови.

Ова се денови на брзи патувања, оскудна облека и низок морал.

Сè повеќе дебели луѓе и пилули што можат сè - да те расположат, „затупат“ или убијат.

Високи луѓе, а мали карактери.

Големи профити, а плитки односи.

Време во кое има многу во прозорецот, но ништо во собата.

Поминувајте што повеќе време со вашите сакани, бидејќи тие нема да бидат вечно покрај вас. Кажете по некој љубезен збор на оној што од доле ве гледа со стравопочит, бидејќи таа мала личност наскоро ќе порасне и ќе си замине. Сетете се да дадете топла прегратка на оној што е покрај вас, затоа што тоа е единственото благо што можете да го дадете со своето срце, а не ве чини ништо. Сетете се да кажете „Те сакам“ на вашиот партнер и на вашите сакани. Но, најмногу од сè, мислете го тоа искрено.

Бакнежот и прегратката можат да излечат рана, ако доаѓаат длабоко од срце. Не заборавајте да се држите за раце и ценете ги моментите кога сте заедно, бидејќи еден ден таа личност нема да биде тука. Најдете време да сакате, најдете време да разговарате и најдете време да ги споделите вашите драгоцени мисли со другите.

Смејте се често, долго и искрено. Смејте се додека не изгубите здив. Солзите се случуваат. Издржете, одболувајте, преживејте. Кажете им на луѓето што ги сакате дека ги сакате, во секоја пригода“.

Објавено:
28 јануари 2019
Категорија: 
Стории
Прочитано:
483 пати
Тагови: 
сторија мода