Меѓу бројните патници на бродот „Титаник“ била и за тоа време угледна и позната дизајнерка Лусил Деф-Гордон, која успеала да го преживее бродоломот, а една аукциска куќа од Бостон неодамна на продажба стави нејзиното писмо.
Неговата вредност се проценува помеѓу 4.000 и 6.000 долари.
Лусил и нејзиниот сопруг биле меѓу 12-те луѓе кои преживеале бидејќи влегле во чамец кој собирал 40 луѓе. Меѓу тогашните медиуми кружеле гласини дека господинот Козмо Даф-Гордон ја потплатил посадата што побрзо да ги однесе на сигурно и да не се враќа по патниците во вода.
Фактот дека познатата брачна двојка обезбедила место во чамецот број еден, а голем број жени и деца се удавиле бидејќи патувале со трета класа, како и гласините за платената услуга, предизвикале голем скандал.
-Изгледа згрешивме што се спасивме. Срамота – напишала леди Даф Гордон во писмото за пријателката после катастрофата, а кое допрва треба да се види во чии раце ќе заврши.
После истрагата на специјални комисии, обвинувањата против двојката се покажале како неосновани.
Инаку, шкотскиот земјопоседник сер Козмо веќе никогаш не успеал да го поврати некогашниот углед, но леди Лусил (тоа било нејзиното професионално име, и името на брендот, иако нејзиното вистинско име е Луси), успешно продолжила да ја води својата модна куќа. Таа ги дизајнирала костимите за музичката ревија „Лудостите на Зигфелд“ (Ziegfeld Follies), а пред Првата светска војна имала околу 1.000 вработени. Оваа дама воедно била и првата креаторка која своите модели ги претставувала на модни ревии со манекенки.
Исто така, таа остана запаметена по тоа што е една од првите британски дизајнерки што успеале да направат интернационална слава, а сè тоа благодарение на иновациите во couture стилот, како и во делот на релацијата модна индустрија – односи со јавност.
Лусил ја препознавале и по тоа што ги лансирала здолништата со шлиц, како и ниските деколтеа, не ги практикувала строгите корсети што во тоа време биле популарни. Првите нејзини креации по кои и се прославила била лежерна облека, најчесто ноќници.
Освен во Лондон, таа се распространила и во Париз, Њујорк Сити, Чикаго, па голем број од нејзините клиенти биле кралски семејства, благородници и филмски ѕвезди.
За нејзиното влијание говорат и ангажманите за Harper;s Bazaar и Good Housekeeping каде пишувала колумни (1912-22).
Таа соработувала и со Vanity Fair, Dress, The Illustrated London News, The London Magazine, Pearson’s Magazine...
Сер и леди Даф-Гордон како ликови од филмот Титаник
сер и леди Даф-Гордон
писмото ставено на аукција
писмото ставено на аукција