Приказната на Тиктокерот чие лице го гледаме насекаде

4 јуни 2021

Сигурни сме дека речиси и да не постои човек кој не го видел саркастичниот израз на лице на момчето од Тикток кое ја  користи оваа платформа за да укаже на бизарните и глупави работи кои се среќаваат на оваа тука. Практично, прикажувајќи ги работите онакви какви што се, тој успеа да стане милионер. 

Името на момчето е Каби Лејм. Има 21 година и живее во Италија, а по потекло е од Сенегал. Работел во фабрика, а приказната со Тикток започнува од досада.

За време на пандемијата останува дома, како и остатокот од светот и одлучува да отвори Тикток профил и соочувајќи се со тоа какви сè видеа, а повеќето прилично неинтелигентни и бесмслени, се појавуваат таму, решава дека ќе биде „контрашот“ кој ќе прикаже како навистина се работите и дека нема потреба од комплицирање.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Khaby Lame (@khaby00)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Khaby Lame (@khaby00)

Денес го следат преку 65 милиони луѓе на Тикток, а бројот секојдневно се зголемува, па претендира да стане најследената личност на платформата. За сега, тоа е Чарли Дамелио (17), со публика од 116 милиони луѓе.

Исто така,  бројот на луѓе што го следат и популарноста ја направил исклучиво сам, без соработка со други профили, куќи и брендови, без купени следачи и слично и тоа без да изговори збор, само со експресиите на лицето, што го прави уште поинтересен.

„Моето лице и експресии се она што ги засмејува луѓето. Тоа е глобален јазик, кој сите го разбираат“, вели младиот Лејм во едно интервју.

За една година тој стана најпопуларниот Италијанец на Тикток и Инстаграм, со најмногу следбеници на социјалните мрежи, рекорд кој претходно го имаше познатиот Џанлука Ваки, а воедно Каби се најде во топ 30 Тикток корисници со најмногу следбеници во светот. Некои од неговите видеа имаат и преку 200 милиони прегледи. На Инстаграм пак го следат речиси 19 милиони луѓе. 

Што значи сето ова во финансиски контекст?

Според „Influencer Marketing Hub“ оваа популарност му носи богатство од предку милион долари. Според нивните проценки, едно негово видео вреди помеѓу 100 и 150.000 долари. „Celebs life reel“ пак велат дека неговото богатство во моментов оди и до 2 милиони долари.

Ова е само уште една од информациите што ова младо момче го прават феномен и навистина е неверојатно како една идеја, која сепак поттикнува да се биде различен од другите (по содржина) со малку среќа може да прерасне во нешто што може да го смени животот засекогаш.

 

Објавено:
4 јуни 2021
Категорија: 
Стории
Прочитано:
14.551 пати