Првата Мис на светот Кики Хакансон: Од најубава до најосудувана жена

18 ноември 2020

Телевизискиот водител Ерик Морли е основачот на изборот Мис на светот, кој за првпат ќе се одржи во Британија. После неговата смрт во 2000-тата, копретседател ќе биде неговата сопруга Џулија Морли.

Но, да се вратиме на изборот. На тоа прво издание, кое што било  замислено како еднократно случување - Фестивал на бики, поврзан со Фестивалот на Британија, што се одржувал во исто време,учествувале 27 девоки.

Од тие, дури 21 биле од Британија. Подоцна ќе биде воведено правилото секоја држава да има само по една претставничка. 

Но, и покрај големата конкуренција од Британија, на крајот победила Швеѓанката Киристина Кики Накансон.

Имала 22 години и изгледала прекрасно.

Но, радоста поради титулата „Најубава жена на светот“ нема да трае долго. Имено, додека ѝ го врачувале признанието за Мис на свет, таа била облечена во бикини. Така наложиле организаторите, но иако не било нејзина „вина“ сепак, таа го извлекла подебелиот крај од ситуацијата.

Папата врз неа фрлил анатема, додека пак некои држави каде има ригорозни религиски норми ѝ забраниле влез на нивната територија.

Јавноста била шокирана од тоа како можела да се појави така скудно облечена. Била јавно осудена и понижена. И бидејќи бикини-костимите му донеле така негативен публицитет, следната година биле забранети, а девојките се шетале во едноделни костими за капење.

Децении подоцна, бикините повторно ќе бидат дозволени. 

Како и да е, Кики останала единствената мисица која титулата ја примила во таков костим за капење и чија радост и популарност која ја носи признанието траело едвај 24 часа.

Објавено:
18 ноември 2020
Категорија: 
Стории
Прочитано:
830 пати
Извор: 
stil.kurir.rs