Психологијата на боите

29 јуни 2017

Бојата, научно кажано доаѓа од спектарот на светлина и притоа се создаваат услови за интеракција со човековото око, поточно со спектралната осетливост со светлечките рецептори. За нас, поедноставно кажано боите го прават животот жив. Најтесно поврзани со предметите и сето останато во нашиот универзум, тие се оние што даваат смисла на работите. Бидејќи можеби не го поминувате денот гледајќи во небото или цвеќињата или пак инсектите, но не би ни било сеедно ако се е безбојно или монотоно, се во една боја, зар не? Само колку би било се досадно и без пулс.

За доказ дека без боите и не можеме зборува самиот факт дека боите имаат големо влијание врз човековата психологија, односно врз начинот на кој размислуаме, начинот на кој ги гледаме нештата, па дури и нашиот однос врз нив.

Црвената боја за учениците има посебно значење, белата боја за идните невести, црната боја за ожалостените, сината потсеќа на море и лето, зелената има смирувачко дејство итн.

Покрај тоа што со боите создаваме спомени и ги боиме нашите сништа, истовремено боите ја откриваат и личноста. Па така, психолозите врз основа на омилената боја велат дека може да се каже многу за личноста.

Па така, за црвената велат дека е најжешката и најстраствената боја, која воедно го симболизира поимот за љубов. За љубителите на оваа боја важат особините на екстроверти, оптимисти како и водачи во областа на самодовербата.

За жолтата велат дека асоцира на радост, а луѓето на кои оваа боја им е омилена важат за креативци кои секогаш смислуваат нови идеи, брзо донесуваат одлуки, но од друг страна пак бојата симболизира љубомора, аналитичност и криење на емоциите.

Симболот на природата, зелената боја е најсаканата боја и омилена меѓу луѓето, а самиот факт дека оваа боја окото најлесно ја перцепира и дека истата може да го подобри видот потврдува и зошто е тоа така. За луѓето кои пак ја вбројуваат во своите омилени, велат дека се приземни, практични и стабилни. Секогаш барајќи рамнотежа во животот, истите пленат со добрина и великодушност.

Бојата на нашата планета, онаа што го бои нашите реки и океани, сината е една од најпопуларните бои. Спротивна на црвената, симбол за машкиот пол, сината е вистинска енигма. Додека од една страна предизвикува смиреност и привлечност, од друга страна може да биде окарактеризиран како ладна и депресивна. За нејзините љубители се вели дека се конзервативни, кои секогаш мислат пред да кажат нешто, кои иако изгледаат самоуверени, всушност значи криење на својата ранлива позадина.

Виолетовата, општо познато е дека важи за кралска боја, симбол на луксузот и богатството. Оваа софистицирана боја која означува моќ луѓето ги означува како квалитет пред квантитет, идеалисти и горделиви со слободен дух кои меѓу останатите се позанати по тоа што многу сакаат да помагаат.

Но, дали сите луѓе имаат своја омилена боја? Некои од нас си имаме своја посебна боја уште од детството, некои пак во текот на животот ја менуваат, и додека други имаат повеќе од една омилена боја, некои воопшто немаат, односно велат дека немаат. Но, иако тоа не го кажуваат на глас, сепак ако забележите, ќе видите дека преферираат да носат облека од одредени бои, домот им е уреден со некоја посебна боја или палета, што значи дека секој човек, на свој начин ја доживува посебноста на една боја.

Фото извор: Pinterest

Автор: Елеонора Гоцевска, студент на УГД, Правен факултет

Објавено:
29 јуни 2017
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.431 пати