Ралф Лорен: Од продавач на вратоврски до сопственик на модна империја

14 октомври 2021

Модниот дизајнер Ралф Лорен има 82 години, а зад себе, 50 годишна ултра успешна кариера како моден дизајнер, сопруга, три деца и операција на тумор на мозокот. 

„Видете, јас сум во модниот бизнис, но и не сум", вели Ралф Лорен - дизајнер за кој без да правите анализи знаете дека повеќе од 50 години е на самиот врв во Америка. Повеќе од 500 продавници во 80 земји, 23.000 вработени, околу 15 подбрендови, заработувачка од милиони долари.

„Експресијата на самите себе е она што е кул. Со облеката што ја носите, вие сте дел од модниот бизнис исто така. Облеката говори за тоа кои и какви сте. Сигурен сум дека сите го имаат на ум тоа, нели?", дополнува дизјанерот.

Тој исто така го илустрира она што го прави привлечен на милиони луѓе, дури и на оние на кои не им е важен култот за модата. Онаму каде што другите дизајнер се обидуваат да наметнат одредена естетиката на носителите на облеката, Лорен ги вклучува фантазиите и наљудувањата на народот, а потоа им овозможува, таа фантазија да премине во реалност.

„Јас живеам различни животи. Но, мојот продукт и јас сме едно те исто. Анти-мода мода, како и да сакате да ја наречете, но таа е нешто што ќе биде безвременско. Жените и денес ја сакаат и сакаат да се како Грејс Кели, нели?", вели Лорен.

Можеби токму поради фантазијата која има голем удел во она што го работи, Ралф никогаш претерано не се грижел за реалноста. Кога ја дизајнирал својата прва „сафари" хит колекција во 1983 година, тој не ни бил во Африка. Кога првпат ја посетил Англија научил дека реалноста може да биде разочарување. Растејќи во Бронкс во 1950-тите, тој бил наклонет кон стилот на „кремот" на Англичаните.

Vanity Fair

„Кога прв пат отидов во Англија (во 1970-тите), бев вознемирен. Мислев дека ќе видам мажи со мустаќи во јакни, но всушност видов италијански костуми насекаде и смешна облека по излозите. Се шокирав. Тие мислеа дека италијанските работи се подобри од она што тие претходно го носеле. Затоа, се потрудив да вратам голем број од облеката за која луѓето мислеа дека е старомодна" - раскажува Ралф, кого Форбс го вброи меѓу 200-те најбогати луѓе во светот.

Кога му бил дијагностициран на 47 – годишна возраст, во согласност со докторите, истиот морал веднаш да биде отстранет, а како што се очекувало, операцијата завршила успешно и по некое време тој се вратил во неговата модна империја.

И наместо да се жали за она што му се случило и да се прашува зошто баш нему, тој со полна пареа продолжил да работи и да ужива во животот што го создал со неговата сопруга Рики и трите дечиња.

Неговите почетоци се навистина интересни и би требало да бидат инспирација за секој млад човек со добра идеја од која никогаш не треба да се откажува, туку напротив, колку е можно да вложува во неа.

The Cut

Како дете на имигранти, Лорен бил сосема мирно и повлечено момче од Бронкс, заљубено во вратоврски, па еден ден решил дека ќе се обиде да направи своја линија.

„Маалото во кое растев јас беше прилично тешко, проблематично. Имаше една област, Парквеј блиску до училиштата, каде што најчесто седевме и се дружевме. На некои од момчињата им се допадна тоа што јас го носев, на други не. Но, јас бев индивидуалец, атлета, па никој ништо не коментираше пред мене. Но, во секој случај, не се работеше за мажите, се работеше за девојките", вели Лорен.

Неговата мајка Фрејдл и татко Френд емигрирале од Белорусија:

„Луѓето велеа дека татко ми е молер, но не беше. Тој ги бојадисуваше куќите кога не можеше да најде работа. Инаку, беше уметник. Животот со четири деца не беше многу лесен, па тој го правеше тоа што мореше. Сепак, со семејството поминувавме време во мало село во Монтичело, надвор од градот. Не беше многу, но го сакав тоа. Освен за спорт и филм, многу се интересирав и за облека, па еве ме денес", раскажува дизјанерот.

По завршувањето на факултетот, работењето во „Брукс Брадерс“ и времето поминато во Американската Армија, тој во 1964 почнува да работи како продавач на вратоврски. Присетувајќи се на тоа вели: „Немав никакви поволности, но бев добро облечен. Со последните пари купив облека од Brooks Brothers. И продавав вратоврски. Имаше еден Англичанец, кој имаше обичај да носи прекрасен шал, многу лежерно наместен. Често поминуваше од таму и ми се допаѓаше начинот на кој изгледаше, а еден ден ми го даде шалот, и се уште го имам".

www.mikli-olgino.ru_.jpg

Тоа и го сторил. Но, не одело баш како подмачкано.

„Па ја прашав компанијата (Brooks Brothers) дали можам. Тие ми одговорија: „Светот не е подготвен за тебе Ралф" - што беше добра причина да си заминам".

И кога од стоковната куќа „Блумингејлс“ сакале да му ја откупат истата, но да стават нивна етикета, дизајнерот категорично ги одбил, за по некое време, тие да му понудат да му изработат етикета и под негово име да ги продаваат вратоврските.

Набргу го пронаоѓа произведувачот Сулка, и произведува за нив вратоврски широки 9 сантиметри, за тогаш непознатиот бренд Поло.

„Го сакав спортот. Крикетот особено и рагби. Но, никогаш не се пронаоѓав во бејзболот или кошарката".

Но, и оваа „авантура" заврши во 1967 година. Набрзо, тој пронаоѓа изработувач на маици, кој може да ги произведе јаките за кои Лорен мислеше дека најдобро ќе се вклопат во нивната форма, а потоа најде и произведувач на одела за кого ги доправуваше кошулите. Овој произведувач му позајми 50.000 долари, да започне своја компанија, па оттогаш до денес Ралф Лорен се ширеше, движејќи се од една во друга колекција.

Инаку, дека навистина бил истраен во неговата приказна кажува и фактот што етикетите со неговото име на вратоврските ги шиеле рачно со неговата сопруга и нејзините родители, за нешто подоцна да изгради модна империја благодарение на успехот што го доживеал со маичките со јака во кои сите се вљубиле на прв поглед.

The Idle Man

„Се прашував зошто луѓето кои сакаат добра облека мораат да одат во Европа да купуваат европски марки. Сакав да им покажам на сите дека и во Америка може да се направи подеднакво добра и квалитетна облека. Отсекогаш бев инспириран од Америка. Сè што создадов е дел од она за што сонував. Се обидов да направам работи што се свежи и различни, дури и ако се инспирирани од класичните работи“, вели дизајнерот.

Откако во 1971 година беше именуван за најдобар дизајнер за машка облека во Америка, Лорен ја создава и првата колекција за женска облека, што на некој начин беше женска верзија на машката Поло маица. Дека навистина беа добри, обожувани и популарни, доказ е дека османаа и на филмското платно и тоа во филмовите на Вуди Ален (Дајан Китон во Annie Hall 1977), потоа Роберт Редфорд ја носеше во „Големиот Гетсби". Првата продавница ја отвори во 1971 година во Беверли Хилс, а дизајните за филмовите, особено за Китон, му помогнаа да го дефинира лесниот женствен изглед во 1970-тите, кој се уште има влијание.

Во 1997 година компанијата на Лорен стана дел од акциите на Вол Стрит - 30 милиони акции, по 24 долари од парче. Инвеститорите што тогаш вложија - профитираа. 

Ralph Lauren

Ралф ќе каже и дека трикот на успехот е во тоа луѓето да сфатат дека правите нешто само за нив, како што сите мислат дека Синатра им пее само на нив.

Се сеќава и на почетоците кога почнал да се занимава со изработка на работи за уредување на домот и денот кога решил да почне со тоа.

Elle Decor

„Се сеќавам дека се шетавме со мојата сопруга и видовме црвена постелнина на еден излог во стоковна куќа и рекод дека јас никогаш нема да спијам на тоа. Токму поради тоа, јас почнав да изработувам и работи за домаќинството“, додава Лорен.

Тој ќе каже и дека неговиот бизнис е успешен бидејќи секогаш прави работи во кои луѓето се чувствуваат удобно.

„Не мислам дека ги создадов најдобрите работи за домот, но верувам дека имам способност да ги поврзам работите заедно и да создадам место во кое ќе сакате да престојувате“, вели дизајнерот во едно интервју.

Инаку, сите животни ситуации ги дели со сопругата Рики, која ја запознал одејќи на лекар. Таа била асистент на докторот што го прегледувал, и како раскажува дизајнерот, повеќе пати влегла во собата, што го натерало да помисли дека и го привлекол вниамнието. Кога ја викнал да излезат на состанок, таа побарала совет од нејзиниот надреден. Комплетно неетички, тој го разгледал медицинскиот картон на Лорен и неговото семејство, со што таа се осигурала дека тој е сигурна „добивка". Рики и Ралф стапуваат во брак осум месеци подоцна. Лорен се уште е во раната фаза на градењето на неговата модна империја, но интуицијата на докторот се покажа како добра. Нивниот брак и денес е цврст.

British Vogue

Среќа им предизвикуваат и синовите Ендрју и Дејвид, како и ќерката Дилан. Денес, Ендрју е филмски продуцент, а Дилан има синџир од четири продавници на слатки со име Dylan's Candy Bar, што содржат преку 7.000 селектирани лижавчиња, чоколади, што ги прави да бидат едни од најголемите во свет. А, секако покрај слатките има оддел и за облека. Само Дејвид е инволвиран во компанијата основана од неговиот татко. Тој е заменик претседател на компанијата и се грижи за маркетингот околу светот.

Покрај болеста, тој неколку пати се соочил и со вистинска криза на бизнисот, па мислел дека ќе изгуби сè.

„Почнав да чувствувам болка. Тоа може да биде и добра работа, но сепак, се уште не сакате да се случи. Знаете, јас ја изградив мојата компанија, и се уште ја има мојата порака. Јас доаѓам секој ден тука. Па, кога ќе ја видите новата облека што излегува, знаете дека е Ралф Лорен... Се трудам да останам во тек, да не бидам како вчерашни вести. Мора да се движите и да го држите мозокот отворен. Луѓето не се стари како што беа во времето на староста на моите родители на пример. Вкусовите на моите родители не влијаеа врз мене, но со мене и моите деца има комплетна поврзаност со животот. Годините денес не се исто што и порано", порачува дизајнерот.

По повод неговата 50 – годишнина во модата, тој ќе каже дека ништо не сфаќа „здраво за готово“.

„Имам своја публика на која и се обраќам и го работам она во што верувам, но знам дека на некој не му се допаѓа тоа“, искрен е дизајнерот.

Twitter

Покрај тоа што е успешен во професијата, тој долги години се занимава и со филантропија, па така досега има основано неколку фондации што им помагаат на заболените од рак на дојка.

Објавено:
14 октомври 2021
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.684 пати