Рано е за празнични колекции? Zara Home не мисли така!

20 октомври 2021

Имаме впечаток дека секоја година се' порано започнуваат празничните колекции, а Zara Home, само некако ни го потврди впечатокот.

Имено, брендот веќе ја лансираше божиќната колекција и претстави како тие ги замислуваат празниците годинава.

Од она што можевме да го видиме, изобилуваат светки, свеќи во боја, тематски чинии, впечатливи прекривки за маса и постелнина, но и многу дрвени елементи.

Нам посебен впечаток ни оставија чиниите и чашите, а во продолжение ве оставаме да ги видите останатите празнични предмети како изгледаат.

Целата колекција ја има на официјалната страна на брендот.

Објавено:
20 октомври 2021
Категорија: 
Стории
Прочитано:
2.686 пати