Речник: модни термини

29 август 2013

Пет нови модни термини влегоа во онлајн едицијата на речникот Оксфорд. Со напредокот на технологијата и инвенцијата на новите технички пронајдоци, јазикот како жива материја последниве години од деценијава  мутира во поглед на поставување стандарди за создавање на нови термини кои ќе бидат од интернационален карактер. Така и во модната индустрија се појавија нови „неологизми“ кои се со универзално значење, насекаде низ светот. Според последните податоци еве кои се најновите термини кои ги селектираше Оксфордскиот онлајн речник.

 

 

A/W

Оваа кратенка е мошне честа во модните речници особено периодов. A/W е скратено од есен-зима 2013/14. Земени се првите букви од англиските термини за есен (autumn) и зима ( winter), па наместо да ги изговарате или пишувате целосно, бидете практични и заштедете време и енергија, а покажете и дека не сте само следбеник на модните трендови за облека и модни додатоци, туку и на револуциите во модната терминологија.

 

 

Geek chic

Вториот термин „Geek chic“ се однесува на стилот т.е. облеката која ја носат луѓето чија професионална определба се компјутерската и научната технологија. Овој правец се почесто зема замав и свое место во модните кругови, а дел од експертите сметаат дека еден ден овие луѓе ќе бидат токму тие кои не само што ќе го водат светот, туку и ќе ги диктираат новите модни трендови. Во буквален превод „Geek chic“, значи „шик бубалица“, што укажува на еден интересен склоп помеѓу уметност и технологија. И колку и да изгледа парадоксално и невозможно, токму еден ваков предизвик е она што им треба на дизајнерите за да создаваат и креираат нови модни стории.

 

 

Double denim

Овој термин се однесува на сите оние кои го формализираат својот изглед, во поглед на комбинации кои содржат премногу џинс. Носењето тексас кошула, со фармерки и тексас јакна, експертите го дефинираат како „силување на стилот“ и често се смета за лична повреда во градењето на бонтон модата. Секој правец има свои начела и принципи кои со текот на времето ги гради и на тој начин опстојува како таков. Меѓутоа треба да знаете дека се што е претерано не е убаво и воопшто не е креативно. Создадете уникатни џинс визии, а не модни катастрофи.

 

 

Jorts

Кога фармерките не ни се допаѓаат повеќе најчесто ги кратиме. Гледаме разни туторијали на интернет и на нив додаваме интересни апликации, а најмногу сакаме да ги носиме во лето. Да, полека погодувате се работи за кратките џинс панталони кои скратено ги викаме шорц, а од неодамна во Оксфордскиот онлајн речник преминаа во „јorts“.

 

 

Flatform 

За сите оние кои сакаат да се чувствуваат удобно, но и модерно во исто време чевлите со рамна плаформа се совршено решение. Да рамните обувки со платформа се дефинитивно хит последниов период, а верувајте и желба на секоја жена и девојка. Не мора да носите чевли со високи потпетици за да се чувствувате женствено и секси, новите модни трендови понудија избор каков досега не сте виделе.

 

 

Објавено:
29 август 2013
Категорија: 
Стории