Приказни од градот

Сандра Кирков: Имам приказни за раскажување за до крај на животот

12 мај 2020

Во животот ништо не е случајно. Приказната на популарната инстаграмџика Сандра Кирков со своето искуство, тоа и го потврдува. Пасијата за патување станува нејзина професионална окупација, па ја добива онаа најсовршена комбинација кога работата ви е и задоволство. Како стјуардеса со долгогодишно искуство во „Fly Emirates", вели дека има приказни за раскажување за до крајот на животот. Нејзиниот профил на Инстаграм тоа и го отсликува. Полн со емоции, спомени, дестинации, егзотични места, наликува на дигитална разгледница во која се сместени сите континенти и сите позитивни искуства што може да ги проживеете на секој од нив и помеѓу.

Следува разговорот со Сандра Кирков проследен со фотографии што ги визуелизираат нејзините приказни.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sandra (@sandra_kirkov) onMay 10, 2020 at 2:03am PDT

Сандра, како сте? Ова прашање во овие околности добива една поинаква и повредна димензија, затоа неслучајно од тука го започнуваме разговорот. Како изгледа Вашиот универзум, во време кога светот е исправен пред предизвици и неизвесност?

- Пред 3 месеца кога го добивав ова прашање не бев сигурна што да одговорам. Не бев свесна дека целиот свет ќе биде затворен во карантин. За брзо разбрав дека се е до дисциплината, мора да се издржи и нема место за кукање. Си направив план со активности за дома и воопшто не се жалам. Добро сум, здрава сум, фала Богу и сите околу мене, а тоа ми е моментално најбитно.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sandra (@sandra_kirkov) onMay 3, 2020 at 3:08am PDT

Имам впечаток, дека целиот Ваш живот е во некоја чудесна, нераскинлива релација со релации, патувања, патешествија низ светот. Оправдан ли е таквиот впечаток?

- Па да. Се преселив во Дубровник за да студирам, а после се преселив во Дубаи за да работам. Патувањата ми се најголема среќа и најмногу ме исполнуваат. Откако знам за себе сакам да патувам, нови места ми се секогаш предизвик, а постојано би се враќала на неколку дестинации. Благодарна сум што ги поминав 20тите години патувајќи по сите континенти, имам приказни за раскажување за до крај на животот.

Го паметите ли чувството кога прв пат полетавте меѓу облаците во униформа на стјуардеса? Какво беше тоа чувство? Која беше Вашата прва дестинација?

- Првиот лет ми беше во Август 2012, одевме до Карачи (Пакистан) и назад. Тоа е еден од најкратките и најбрзите летови на кој што мораш да си брз за да завршиш се. Бевме 26 стјуардеси и се тресев да не погрешам нешто или да не ги успорам и да испаднам крива. На секој лет имаме нови колеги па веројатноста дека ќе леташ со некои што ги познаваш е мала. За моја, а и нивна среќа, сè помина добро. Имаме супер тренинг кој трае месец ипол, така што добро бев подготвена.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sandra (@sandra_kirkov) onApr 17, 2020 at 9:30am PDT

Стјуардеса – во вашиот пример е случајност или планирана стратегија?
- Сосема случајно испадна. Со еден пријател од факултет отидовме од Скопје во Загреб на дипломска забава, а веќе наредното сабајле во 8 се пријавивме на интервју и добивме работа. Од претходно знаевме за работата од пријателка што веќе беше таму, но во последен момент се одлучивме на тоа. Се преселив во Дубаи после 3 месеца, бидејќи имаа голем број на апликанти и секој добиваше различен ден за преселба.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sandra (@sandra_kirkov) onJun 17, 2019 at 1:28am PDT

Кои предизвици треба да ги земат во предвид оние кои се гледаат себе си како стјуардеси/стјуарди?

- Најпрво мора да се замислат далеку од најблиските. На мојата компанија „Флај Емиратас" базата е во Дубаи, на „Етихад" во Абу Даби, на „Катар" во Доха итн, годишниот одмор е 30 дена плус ако имате среќа да добиете неколку слободни денови и доколку има слободни места во авион ќе може почесто да си доаѓате дома. Најизменични смени се најголемиот проблем, од ноќен 12 часовен лет имате ден-два пауза па заминуавте на утрински лет на друг континент, што значи ќе мора да се научите да спиете во секое време за да имате енергија, а со тоа следи и џет лег, термин кој го користат за потешкотии со спиењето поради промена на временска зона. И би додала дека секој кој има видлива тетоважа на тело нема да биде примен, тоа е едно од првите прашања на интервју.

Што прво приметувате на место кое го посетувате за прв пат?
- Климата :) Обично пред секој лет правев истражување за местото, во однос колку време ќе имам таму што се треба да посетам, каде ќе ручам итн. Но, многу пати се случувало да менувам летови поради времето, на пример Чикаго го избегнував во зима бидејќи знае да биде до -26, или Тајланд кога е сезона на монсуни бидејќи ќе треба да останам во соба цел ден. Чистотата на градовите секогаш прва ми паѓала во очи. Австралија секогаш ме изненадувала колку е сè чисто, средено, луѓето водат сметка и за себе и за околината околу нив. А од другата страна на светот, Њујорк секогаш бил полн со ѓубре, различна култура, различно се однесуваат по улиците, па би рекла многу од метрополите ми оставиле различен впечаток од она што сум очекувала.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sandra (@sandra_kirkov) onFeb 20, 2020 at 2:07am PST

На која адреса постојано би се навраќале?

- Многу пати сум го повторила истото, и сè уште стојам на тоа, Лондон и Сингапур ми се омилени. Во секое време би одела и секој пат би наоѓала нешто ново. А не би ми сметало и да повторам некои работи или да обиколувам исти места и знаменитости по градовите.

Слобода значи и одговорност. Како Вие ја доживувате слободата?

- Точно, слободата и одговорноста се поврзани. Претставување на себеси пред светот и она што си навистина Ти, што те оформува како личност. Да бидеш свој без ничија дозвола, и не само да правиш она што сакаш туку да ја покажеш силата на карактерот да го направи она што е добро и правилно. Да го правиш она што го сакаш е слобода, а да го сакаш тоа што го правиш е среќа.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sandra (@sandra_kirkov) onAug 18, 2019 at 4:14am PDT

Верувам дека секој што го посетил Вашиот профил на Инстаграм, го дели мојот впечаток, а се однесува на доживувањето на Вашите фотографии како дигитални разгледници што евоцираат спомени, искуства, па дури и мириси и бои... Толку се живописни како лично да сте ги искусиле. Но, како Вие го доживувате Инстаграм?

- Инстаграм е онлајн сервис за споделување на фотографии и за дружење преку фотографија. Платформа која што постои веќе 10 години, а за мене претставува место на кое што можам да поделам дел од мојот живот со другите, да научам нешто ново за фотографијата, да најдам нов рецепт или да научам нешто ново за модниот свет. Запознав супер девојки со кои се дружам и планираме наредни средби, кафиња и фоткање. Инстаграмот пренесува и интересни соработки на блогерките со разни брендови, така што секој ден има по нешто ново да се види. На мојот профил @sandra_kirkov постојано објавувам интересни фотки од патувања и од секојдневниот живот. Сметам дека секој сам дозволува да му се навлезе во приватниот живот онолку колку што е потребно за да им биде интересно на следбениците, некои дозволуваат повеќе, а некои помалку.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sandra (@sandra_kirkov) onJul 12, 2019 at 2:48am PDT

Какво место и функција има модата во Вашиот живот?

- Секогаш ги следам модните трендови, но сепак пробувам да се држам до својот стил. Трендовите се примамливи и можат да не залажат дури и ако не ни одговараат. Фустаните заземаат најголем дел од моите плакари, а фармерките најмал. Онлајн шопинг ми е слаба страна, а во последно време барам комбинации во кои ќе се чувствувам удобно, а сепак модерно. За кратко ќе ни пристигнат топлите летни денови па најголем фокус ставам на материјалите што ги одбирам.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sandra (@sandra_kirkov) onJul 1, 2019 at 1:54am PDT

Што ви го одржува духот, во моменти кога „не се сите коцки на место"?

- Добра книга или прошетка со Јасмин. Тој не ми е само партнер, тој ми е поддршка за сè.

Помеѓу сите континенти, временски зони и дестинации, каде се чувствувате најмногу своја?

- Со оглед дека последните 7-8 години ги поминав на релација Скопје – Дубаи, можам да кажам дека најслободно се чувствувам кога сум во еден од овие два града. И покрај сите дестинации, Скопје останува мој дом, тука е срцето.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sandra (@sandra_kirkov) onMar 5, 2019 at 1:19am PST

Во време на неизвесност, може ли да се планира следното патување?

- Моментално со ситуацијава не планирам ништо конкретно. Веќе не ни знаеме што точно ќе биде „враќање во нормала„ така што ќе оставам времето да покаже. Јас секогаш си разгледувам дестинации и замислувам каде би одела следно, но овој период тоа е на пауза. Здравјето на прво место, па сè останато.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sandra (@sandra_kirkov) onFeb 18, 2019 at 12:42am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sandra (@sandra_kirkov) onJan 31, 2019 at 2:57am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sandra (@sandra_kirkov) onDec 23, 2018 at 7:33am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sandra (@sandra_kirkov) onOct 29, 2018 at 12:11am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sandra (@sandra_kirkov) onOct 12, 2018 at 5:02am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sandra (@sandra_kirkov) onAug 30, 2018 at 3:41am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sandra (@sandra_kirkov) onMay 6, 2020 at 2:38am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sandra (@sandra_kirkov) onApr 22, 2020 at 2:19am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sandra (@sandra_kirkov) onApr 11, 2020 at 8:45am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sandra (@sandra_kirkov) onApr 9, 2020 at 9:09am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sandra (@sandra_kirkov) onMar 1, 2020 at 2:46am PST

Објавено:
12 мај 2020
Категорија: 
Стории
Прочитано:
2.192 пати