Што кажува изборот на чевли за вашата личност?

11 ноември 2013

Нормално е чевлите да се купуваат по потреба, но некои припаднички на понежниот пол едноставно имаат слабост кон нив, па во својот дом поседуваат голема колекција од разни модели на чевли. Но сигурно не знаете дека изборот на чевли открива всушност каква личност сте.

Рамни чевли

Доколку се одлучите за рамни чевли, тогаш удобноста ја ставате пред модата. Иако рамните чевли оставаат впечаток на интровертна личност, сепак првиот впечаток е погрешен бидејќи најчесто овие личности се по природа драги и мили.

Моторџиски чизми

По природа овие личности се сте доста опуштени,  екстравертни и сакаат авантури. Уште една предност е што моторџиските чизми се тренди оваа сезона.

Чевли на платформа

Голем број жени ги обожаваат чевлите со платформа бидејќи се полесни за носење за разлика од стандардните чевли на висока потпетица. Овие жени се самоуверени, едноставни, независни и пријателски настроени.

Чевли на висока потпетица

Овие жени обожаваат да бидат во центар на внимание и да изгледаат секси во секој поглед, а тоа најдобро се постигнува токму со ваков модел на чевли.

Објавено:
11 ноември 2013
Категорија: 
Стории