Што се случувало на снимањето на легендарниот спот за „Freedom“ на Џорџ Мајкл?

25 јуни 2020

Спотот за песната „Freedom“ во изведба на Џорџ Мајкл важи за еден од најкултните.

Клаудија Шифер неодамна изјави дека одбивањето на понудата да се најде во овој видео-запис е една од најголемите грешки што ги направила.

Линда Евангелиста, Синди Крафорд, Наоми Кембел, Кристи Тарлингот и Татјана Патиц - оваа петорка обединета под називот „супермодели" се најде на насловната на „Вог" во јануари 1990 година. И токму таа насловна е инспирацијата и кастингот за спотот. Џорџ Мајкл ги сакал сите, плус Клаудија Шифер.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Peter Lindbergh Foundation (@therealpeterlindbergh) onAug 27, 2016 at 8:06pm PDT

А како всушностсе снимало видеото кое и денеска не губи на популарност?

Една од соработничките и помошнички во магазинот „Вог“, Камила Никерсон се потпишува зад некои од најдобрите модни фотгорафии од 90-тите години на 20 век. Сепак, најпозната е како дамата која стои зад најпознатиот музички спот на Џорџ Мајкл.

Токму таа открива некои од деталите од снимањето:

„Во 90-тите години на минатиот век, музичките спотови беа чиста креативност. Во та време работев на видео и тоа беше неверојатно тешка, одговорна и хаотична работа. Се сеќавам кога го работев спотот за британската група „Soul II Soul“, одев на авто отпад, добив метални раткапни и ги заварував во тркало. Сетоа тоа се случуваше за 24 часа, затоа што немаше доволно пари за да се снима и втор ден. Работата е макотрпна, но имавме голема слобода да правиме што сакаме. Никогаш немавме однапред смислено сценарио, така што имаше обиди и грешки, што од денешна перспектива изгледа неверојатно“, раскажува Никерсон.

Токму после тоа снимање, Камила добила повик од Дејвид Финчер, режисер за кој претходно никогаш не слушнала.

„Бев многу изненадена кога рече дека сака да работам на најновиот спот кој го подготвувал за Џорџ Мајкл и песната „Freedom“. Беше јасен во желбата дека сака Кристи Тарлингтон да се појави во спотот и да чекори обвиткана со бел чаршав, кој мораше да биде многу долг и направен од ирски лен, за да може светлината да поминува низ него. Тоа го намали значително буџетот, така што остатокот од гардеробата на снимањето доаѓаше од мојот гардеробер“, откри Камила за „Ел“

Но, тука не завршува патешествието.

„Наоми Кембел во спотот носеше чизми од моето момче, а Линда Евангелиста мој џемпер. Џорџ ги знаеше сите девојки од спотот и се забавуваше со нив во собата зад сцената. Сепак, јас не ги видов, јас бев само помошник. Се сеќавам дека Синди Крафорд беше најпрофесиоанлна. Таа дојде на снимањето подготвена во целост, за разлика од другите модели кои се будат доцна, доаѓаат на сет уморни, затоа што водат возбудлив живот и дење и ноќе. Но, Синди нависитна беше исклучителна. Сите други девојки доцнеа, беа уморни бидејќи Модната недела во Париз туку што имаше завршено, но не и Сидни, која имаше прилично разголена улога  - во када со пареа насекаде“, нагласува фотографката.

Да, пареа имало, но не и вода. Сцената е снимена со помош на огледала и машина за чад, но без вода.За да ѝ изгледа кожата мокра, користеле масла за тело, поточно бебешко масло.

Инаку, само ден пред снимањето, Линда ја сменила бојата на коса - се појавила како русокоса, додека момчето со ламбата од спотот е денес славниот фотограф Марио Соренти.

Пред неколку години на снимањето се присети и Кристи Тарлингтон.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Кабина 011 (@kabina.011) onJun 22, 2020 at 12:53pm PDT

„Се сеќавам дека Џорџ беше срамежлив. А беше од оние кои имаат комплетна контрола. Дојде со качкет, немаше никаква придружба, ништо... Беа присутни само оние што беа неопходни. Не се подготвувам многу, песната ја слушав во авион на вокмен и ги паметев зборовите. Од авион директно отидов на сет, што никогаш не ми беше нешто што го сакав. Но, си помислив - колку весела песна, иако зборовите и не се баш“, вели моделот, а и покрај трудот, на снимањето го заборавила текстот, па во еден момент, камерата морала да се фокусира на нејзините очи, наместо усни.

Иако Камила вели дека се забавувале, Кристи не се сеќава дека на сетот имало забави, бидејќи Џорџ сакал во целост да биде професионален.

„Линда, Џорџ и јас имаме фотографија од снимањето, но јас на тој момент воопшто не се сеќавам. Џорџ е една неверојатна душа, но не седевме многу околу, да се шегуваме и дружиме, бидејќи имавме многу работа. Тоа мора да е некоја кратка пауза“, смета моделот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Christy Turlington Burns (@cturlington) onDec 9, 2016 at 5:31pm PST

Иако не изгледа така, Наоми била меѓу посрамежливите. Во спотот носи транспарентен топ, а околу неа имало 20-30 мажи, поради што ѝ било непријатно во почетокот. Но, кога се појавила на сетот и почнале да работат, комплетно се посветила на работата и била професионална.

Уште една од тајните е дека Линда Евангелиста сама си ја нашминкала устата. Инсистирала да ѝ се најде МАС моливче за усни, а не само на ова снимање, туку мошне често и на други соработки, таа си ги исцртувала усните, бидејќи само таа знаела како најдобро да го направи тоа.

Сцените со крв се снимани со таканаречена вештачка крв. Но, бидејќи многу пати биле повторувани, шминкерите морале да бидат многу брзи и со вазелин да ги симнат претходните трагови, за да не остане дамка и потоа повторно да ги нанесат капките.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Bana Lin (@banalin0926) onJun 18, 2020 at 9:11pm PDT

Сцената кога Линда се крие со џемперот е сосема спонтана. Финчер го забележал моментот, ја вклучил камерата и тоа било тоа.

Еден од машките модели, Пирсон,  носел комплетно своја облека.

„Носев црна М15 авијатичарска јакна и сè уште ја имам. Мојот 20-годишен син ја носи сега“.

Со сите плански и спонтани моменти, целата екипа успеала да создаде видео-приказна која и денес тешко се надминува.

Објавено:
25 јуни 2020
Категорија: 
Стории
Прочитано:
6.366 пати