Со чоколадо и чепчиња за уши: Бебе им се извинува на соседите за вревата

16 април 2021

Бебенце им се извинува на соседите со писмо, чоколадо и чепчиња за уши за вревата во текот на ноќта.

„Драги соседи,

Имам шест недели. Живеам со мама и тато кои ме викаат  Peanut (кикирика). Многу среќно бебе сум и сакам да си играм, но бргу станувам вознемирено кога сум гладно (а кој не?!). 

Ве молам, земете чоколадо. Навистина ми е жал ако ве будам во текот на ноќта. Се гледаме. 

Со почит“

Писмото го напишала мајката на малото бебенце, а им ги стопило срцата на соседите. Тие решиле да направат фотографија од писмото и да го стават на Фејсбук со коментар:„Бебето е ангел, скоро да не го ни слушаме“.

 

Објавено:
16 април 2021
Категорија: 
Стории
Прочитано:
306 пати