Стефонатор јавно проговори за болеста: ,,Хемотерапијата за мене беше најтешото искуство досега"

4 март 2021

Со видео исповед на својот Youtube канал, младиот македонски јутубер Стефан Расковиќ, кој публиката го знае под името Стефонатор, ја раскажа својата незавршена приказна за борбата со болеста. 

Како што раскажува Стефан, во јули минатата година му бил дијагностициран тумор на тестисите. Веста дошла како вистински шок за младиот јутубер кој има само 23 години.

 Обидувајќи се неуспешно да ги сокрие солзите, Стефан раскажува за операцијата на која подлегнал, четирите циклуси хемотерапија низ кои минал, тешкотиите со кои се соочувал и деновите кога не можел да стане од кревет.

,,Беше тешка и операцијата, бидејќи по неа јас не можев да станам од кревет."- вели тој. Само неколку дена по операцијата спрегнал сили и се појавил на настан и премиера на филмот Хакер. 

Но, потоа дошла на ред хемотерапија која тој ја опишува како најлошото искуство во животот. 

Сепак, борбата на Стефан не е готова. ,,Дојде вест дека борбата не е готова, иако мислев дека е и си се радував. Излезе дека треба да правам и втора операција и дека и второто топче треба да се извади со операција. Се надевам дека ќе биде полесна од првата барем така ми велат," раскажува низ солзи Стефан.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Steffonator (@steffrasho)

Објавено:
4 март 2021
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.498 пати